Виничанец остана без 4.400 евра, откако бил измамен дека ќе му увезат возило од Швајцарија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчера (26.12.2025) во 10:15 часoт во ОВР Виница, 58-годишен маж од Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 4.400 евра.

 

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, тој во текот на октомври 2025 година на лицето Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје, во три наврати му ја дал сумата, а за возврат тој требал да му увезе возило од Швајцарија.

 

 

Како што е пријавено, откако не го добил возилото, сфатил дека бил измамен.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од ООУ „Никола Парапунов“-Драгобраште – второто полугодие од наставата ќе ја започнат во централното училиште

Учениците од ООУ „Никола Парапунов“ од селото Драгобраште, наставата во второто полугодие ќе ја продолжат во централното училиште, по завршувањето на целосната реконструкција на азбестниот кров, кој беше во исклучително лоша состојба и со сериозни проблеми со прокиснување. Во рамки на реконструкцијата, извршена е и целосна замена на плафоните во сите училници, како и во

Избран третиот мобилен оператор во Македонија

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска го прогласи „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава. Од АЕК за МИА потврдија дека со донесувањето на одлуката започнува да тече рок од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези што се

Повреден маж во пожар во селото Блатец 

  На 11.01.2026 во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с.Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село. М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување