Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот биле пренаменети, информација која им ја кажале на состанок во Министерството.

„Со почит се однесуваме кон секое поставено прашање и кон секоја потреба оваа трагедија достоинствено да биде обележана“, наведуваат од Министерството.

Оттаму појаснуваат дека на неодамнешна средба во кабинетот на министерот, на која присуствувале претставници на Општина Кочани и дел од семејствата на настраданите, била објаснета законската процедура за подигање спомен-обележје. Според Министерството, согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, надлежноста за започнување и водење на постапката е кај општината.

„Министерството не ја иницира постапката, не распишува конкурс, не избира идејно решение и не носи одлука за изгледот и поставувањето на обележјето“, велат од институцијата.

Според нив, Советот на општината треба да донесе програма за одбележување на настанот, одлука за подигање на спомен-обележјето и да формира Одбор кој ќе ја води понатамошната постапка. Токму тој Одбор има обврска да распише јавен и анонимен конкурс за избор на идејно решение, да ги разгледа понудените проекти и да го избере решението што ќе биде реализирано.

Од Министерството додаваат дека дури по завршување на оваа процедура и доставување на целокупната документација, можат да бидат обезбедени и префрлени финансиските средства.

„Средствата кои претходно биле предвидени во буџетот на Министерството не биле реализирани затоа што законската постапка не била завршена и не била доставена потребната документација. Тоа не значи откажување од поддршката, туку незавршена постапка од страна на надлежниот орган“, се наведува во одговорот.

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите, што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства..

 

Извор: Скопје1.мк

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат. Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно

Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар „ВИП 2026“ во Петроварадин

Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија. Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното  трето место. Упатуваме голема благодарност до домаќинот

Рибник „Глобица“ – Вистинскиот избор за освежување од летните горештини…

Мир,…природа ,…езеро, …река …и свежина во топлиот период кој доаѓа се на едно место …. . На само 15 мин возење Рибник ресторан „Свети Ѓорѓи Глобица“ е тука за вас и ви нуди во секое време свежа риба .. крап, сом пастрмка црвеноперка , чипс од крап , … морски специјалитети свежа ципура ,лаврак и