Виктор Николоски: БЛАГОДАРАМ ОД ❤️ ДОБРИ ЛУЃЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Виктор Николоски од Прилеп им се заблагодарува на своите сограѓани и пријатели за хуманата поддршка, несебичната помош за негово справување со болеста и успешната операција. Преку разни начини за донации, хуманитарни културно забавни настани, поставени кутии пред продавници и услужни дуќани во прилепската чаршија неговиот роден град и сите хумани луѓе до кои допре апелот за помош се обезбедија потребните средства за операција.
Но, акцијата за помош продолжува зашто ќе бидат потребни средства и за рехабилитација по тешката операција.
Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Веднаш по крштевката на неговото дете Виктор дознава дека има тумор на главата. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна беше ИТНА операција која се изврши во клиника во Турција на 30 ти јануари.

Благодарност од срце Драги пријатели, познати, непознати хумани луѓе и сите што ми подадовте рака во најтешките моменти потребната сума е собрана. Благодарност до Фондација Павел Андреев Македонија, до Општина Прилеп , до сите граѓани на општина Прилеп кои се заложивте за мене и моето семејство. Од дното на срцето ви благодарам за вашата несебична поддршка, љубов и дарежливост. Благодарение на вашите донации, мојата операција беше изведена на 30.01.2025, професорот презадоволен од направеното, патологијата мора да ја чекаме некои 2 недели за да знаеме што понатаму и сега сум во процес на опоравување. Не постојат доволно зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност. Вашата помош ми даде надеж, сила и верба дека не сум сам во оваа борба. Вие сте доказ дека хуманоста и добрината сè уште постојат, и секој ваш гест значеше неизмерно многу за мене и моето семејство. Се надевам дека еден ден ќе можам да ја вратам оваа добрина на некој друг кој ќе има потреба, исто како што вие ми помогнавте мене. Нека вашата добрина ви се врати со многу среќа, здравје и љубов. Со огромна благодарност, Виктор Николоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

22 Македонци побарале помош за евакуација од Израел – Апел до македонските граѓани да не патуваат во регионот на Блискиот Исток

До 15 јуни, вкупно 22 лица, македонски државјани и членови на нивните семејства, побарале помош за евакуација од Израел. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб и упати апел до македонските државјани да се воздржат од патување во регионот на Блискиот Исток, поради влошување на ситуацијата. Министерството,...

ОТКРИЕНИ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ КАЈ МАРКОВИ КУЛИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП V-ти И ПЕРСЕЈ

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп. Тие се од владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од првиот и вториот век од нашата ера од хелинистичкиот период. Според археологот...

Во 3 часот по полноќ гости со шишиња нападнале полицајци во кафуле

Хаос во Прилеп во 3 часот по полноќ . Гости со шишиња нападнале полицајци во едно од малските кафулина Имено, на 14.06.2025 година, во 03.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, при превземање службени дејствија во угостителски објект биле нападната од гостите. Во кафуле лоцирано во населба „Точила”  полицајците биле...