Виктор Николоски: БЛАГОДАРАМ ОД ❤️ ДОБРИ ЛУЃЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Виктор Николоски од Прилеп им се заблагодарува на своите сограѓани и пријатели за хуманата поддршка, несебичната помош за негово справување со болеста и успешната операција. Преку разни начини за донации, хуманитарни културно забавни настани, поставени кутии пред продавници и услужни дуќани во прилепската чаршија неговиот роден град и сите хумани луѓе до кои допре апелот за помош се обезбедија потребните средства за операција.
Но, акцијата за помош продолжува зашто ќе бидат потребни средства и за рехабилитација по тешката операција.
Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Веднаш по крштевката на неговото дете Виктор дознава дека има тумор на главата. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна беше ИТНА операција која се изврши во клиника во Турција на 30 ти јануари.

Благодарност од срце Драги пријатели, познати, непознати хумани луѓе и сите што ми подадовте рака во најтешките моменти потребната сума е собрана. Благодарност до Фондација Павел Андреев Македонија, до Општина Прилеп , до сите граѓани на општина Прилеп кои се заложивте за мене и моето семејство. Од дното на срцето ви благодарам за вашата несебична поддршка, љубов и дарежливост. Благодарение на вашите донации, мојата операција беше изведена на 30.01.2025, професорот презадоволен од направеното, патологијата мора да ја чекаме некои 2 недели за да знаеме што понатаму и сега сум во процес на опоравување. Не постојат доволно зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност. Вашата помош ми даде надеж, сила и верба дека не сум сам во оваа борба. Вие сте доказ дека хуманоста и добрината сè уште постојат, и секој ваш гест значеше неизмерно многу за мене и моето семејство. Се надевам дека еден ден ќе можам да ја вратам оваа добрина на некој друг кој ќе има потреба, исто како што вие ми помогнавте мене. Нека вашата добрина ви се врати со многу среќа, здравје и љубов. Со огромна благодарност, Виктор Николоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започнувам со изборот на „13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ„ на Радио Пела- Кој според Вас е заслужен?!

Драга публико започнувам со изборот на најдобриот „13сет ВЕЛИЧЕСТВЕН“ за 2025 година. Го бирате Вие со Вашите гласови. Кој е Вашиот Предлог? Кој според вас е медиумска личност на годината?! За Вашиот фаворито ГЛАСАЈТЕ на следниот ЛИНК: Покрај тоа што  имаат можност да гласаат и да го изберат својот фаворит...

Предлог за 13 Величествени, Ангела Конеска – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот

Предлог на Радио Пела за 13 Величествени е Ангела Конеска – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот Во време кога секојдневието често носи рамнодушност, постапката на Ангела Конеска успеа да го привлече вниманието на јавноста и медиумите. Таа стана симбол на хуманоста, добрината и храброста, откако без двоумење...

Предлог за 13 Величествени, Емилија Ема Плејс – урбан лик кој ја освојува јавноста

Предлог на Радио Пела за 13 Величествени е Емилија Ема Плејс – урбан лик кој ја освојува јавноста   Емилија Ема Плејс стана препознатливо име, не само поради нејзиниот уникатен стил, туку и поради посветеноста кон занаетчиството и како човек кој секогаш го негува позитивниот дух . Таа  е пример...