Моника се бори за живот, апел за помош !!!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

За Моника нејзината сестра Јованка организира акција за помош со донации за лекување и терапија во борбата со агресивниот тумор. Потребни се 30 000 евра за лекувањето да продолжи во болница во Хрватска каде таа работела и и’ била дијагностицирана болеста. Сите кои сакаат да помогнат можат да донираат на следниот линк:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomos-za-zivot-na-monika?

Нејзината сестра Јованка на социјалните мрежи организира голема акција и моли за помош:

„Ако не ја спасиме сестра ми, таа ќе умре.

Ве молам, помогнете ми! Моја сестра има агресивен тумор кој се шири низ целото тело, а болницата неможе да ја продолжи терапијата ако не ги платиме трошоците. Без вашата помош, нема спас за неа!
Моето срце плаче додека го пишувам ова… Моја сестра е млада, скромна, вредна девојка која го даде својот живот за да ни помогне на семејството. Минатата година, за прв пат замина во Хрватска да работи како чистачка за чесно да заработи, но животот ѝ ја одзеде таа радост.

Пред само неколку месеци, ѝ открија агресивен карцином кој се прошири на жлездите, коските и градите. Лекувањето започна таму, но сега болницата ни постави услов – доколку не обезбедиме 30.000 евра за 6 итни терапии, кои се нејзина единствена шанса за живот, тие нема да можат да продолжат со нејзиното лекување.

Ве молам, замислете да гледате како вашиот единствен брат или сестра страда, а вие ништо не можете да направите. Тоа го живееме секој ден, јас и мајка ми. Таа е мојот единствен член од семејството, немаме татко и немаме на кого да се обратиме освен на вас!

Таа има шанса, но потребни сте ни вие !!!

Докторите тврдат дека овие 6 терапии за 3 месеци ќе го запрат ширењето на канцерот и ќе ѝ ја вратат надежта и животот. Една терапија чини 5.000 евра, а сите заедно се над нашите можности.

Сите заштеди ги потрошивме на претходните терапии, анализи и престои, а сега сме без средства за нејзиното продолжување.

Како можете да ни помогнете?
Ве молам, секоја донација е важна – голема или мала. Вашиот придонес директно ја спасува сега!
Споделете ја оваа објава за да стигнеме до повеќе добродушни луѓе.
!! Без овие терапии, мојата сестра може да ја изгуби оваа битка. Ве молам, нека ова не биде нејзиниот крај. Ве молам, помогнете ни на време.

Ве молам, верувајте ми, со вашата помош може да го спасиме нејзиниот живот. Ви благодарам од се срце!“ 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се санира Ленишки мост – следи времена измена на сообраќајот

Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од АМСМ за времена измена на сообрајот поради градежни работи на дел од патот Плетвар – Прилеп:  ИЗВЕСТУВАЊЕ : На 20.04.2026 година (Понеделник), ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен...

Најавени прекини на електричната енергија за понеделник и вторник

Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известува за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за деновите понеделник и вторник:  На 20.04.2026 год. (понеделник) од 09.30 ч. до 15.00 ч. на следните места во Општина Прилеп : викенд населба ,,Маркова чешма” , Поводеници и Вештачко езеро – Прилеп.  На 21.04.2026...

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...