Далечната 1992 година започна со работа туристичката агенција Бран во Прилеп, компанија која ги поставуваше темелите во Прилеп за организирани патувања и туристички аранжмани во сопствена режија за Македонија и за странство. Правник по професија, патник по вокација, Бранко Карески, сопственик и менаџер на Туристичката агенција Бран Прилеп за идејата – формирање на туристичка агенција вели „Како вчера да беше почетокот“, додавајќи дека во тоа време по осамостојувањето на Македонија побудите биле чисто од егзистенционални причини.
Денес, Туристичката агенција Бран е компанија со реноме, пример за успех кој што се гради со доверба, преку пожртвуваност од вработените следејќи ги желбите на клиентите, прилагодувајќи се на приликите што ги носи времето во кое опстојуваме.
Пред кои предизвици е исправена компанијата во услови на глобални пореметувања: воена и нафтена криза?
Се менуваат ли македонските навики за туристички патувања- кои домашни и странски дестинации се традиционални, а кои добиваат на атрактивност?
Каква е понудата за актуелната туристичка сезона?
Кои предуслови треба да ги исполни Прилеп за да се најде на туристичката мапа?
Целиот разговор со Бранко Карески по повод 34 години од постоењето на Туристичка агенција Бран на следниот линк:









