(ВИДЕО)Трипуновски: Откупени околу 100 000 јагниња, исплатени субвенциите за одгледувачите на овци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп одржa работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој се разговараше за актуелните состојби во секторот овчарство и откупот на јагнето. Што се однесува на откупот на македонското јагне цената се движи од 280 до 300 денари за кгр.

Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од минатата година. Во наредниот период ќе продолжи откупот на јагнето“, рече министерот Трипуновски потенцирајќи дека финансиската поддршка за овчарството за ланската година се во целост исплатени.

„Согласно ветувањата дадени пред одгледувачите на овци, ги исплативме субвенциите за грло овца кои што се за 2025 година, речиси над милијарда денари. Со ова практично ја затвораме исплатата кон оваа сточарска гранка“, истакна тој. 

Производството на млеко и јајца во земјава бележи пораст во 2025 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Производството на кравјо млеко достигнало околу 290 000 литри, што претставува зголемување од 2,7 проценти во однос на 2024 година. Кај овчото млеко, пак, се произведени околу 27.000 литри, што е раст од 4 проценти споредено со претходната година.

„Не секогаш бројот на грлата треба да ја следи и продукцијата. Некогаш може да се зголеми продукцијата, иако имаме стагнација на бројната состојба, бидејќи можеби се работело на генетскиот потенцијал на сточниот фонд, во делот на исхраната итн. За нас, како држава не е важно само бројката на сточниот фонд, важна е и продукцијата да расте, што со овие податоци одиме во позитивен тренд. Ова што го споменав, односно реализацијата на сите плаќања по однос на овчарството, мислам дека ќе биде доволен стимул за тековната “26 та година, да имаме повеќе задржани женски јагниња, односно зголемување на бројната состајба на овците во Македонија,“ рече Трипуновски.

На новинарско прашање за забелешките околу Програмата за финансиска поддршка за 2026 та година и критериумите со кои одредени мали земјоделци и сточари можеби нема да ги исполнат, ресорниот министер посочи дека никој нема да биде изземен од државната поддршка:

„Нема никој да биде исклучен од процесот на земањето на субвенција. Во тековната програма за ’26 та година, има посебна мерка која ќе ги опфати сите овие мали земеделци, кои ќе се под праговите кои ги имаме ставени во програмата за 26 та година. Исто така, оваа мерка ќе постои и во 2027 ма година, со цел во овие две години, заедно со сточарите, да помогнеме да ги постигнеме тие минимални прагови. Согласно анализите кои ги има Министерството, незначителна е бројката или помала е бројката на сите овие земеделци кои ќе се под праговите. Зборувам за број на ситна и крупна стока и во делот на поледелските култури, лозови, овошни насади. Меѓутоа повторувам, во тековната ’26 та година, има посебна мерка на која ќе аплицираат сите овие земјоделци под овие прагови, за да ги искористат и да ги земат сувенциите. Значи, нема да направиме длабок рез во првата година. Ние размислуваме визионерски и стратешки за заеднички да ги поткренеме овие прагови со цел да зголемиме бројна состојба и обработливи површини под земјоделски култури, рече Трипуновски.

Сточарите, одгледувачи на овци задоволни од поддршката во овој сектор и од постигнатата откупна цена на јагнето бидејќи се откупувале јагниња и до 40 кгр по цена од 280 до 300 денари од кгр. Исплатата на субвенциите значи многу за поддршка на најтешката гранка во сточарството, велат тие.

„Се намалува бројот на овци на државно ниво, но сега оваа исплата на овие сувенции верувам дека ќе ги помагне многу сточарите. И верувам дека со стимулациите може да го расте сточниот фонд и да го вратиме женското јагне, рече Насер Џемаили, претседател на Сојузот на одгледувачи на овци.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Апарат за оптичка кохерентна томографија доби очното одделение во прилепската болница

Прилепската Болница со сопствени средства набави современ апарат за очна дијагностика , односно за оптичка кохерентна томографија. Апаратот ќе овозможи пациентите наместо во клиниките или други градови во Македонија да ги прават испитувањата во Прилеп. -Апаратот е софистициран и еден од најдобрите. Така да правиме се’ пациентите да добијат подобри...

(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

Доколку послужат временските прилики тутунската реколта за која во тек е расадопроизводството се очекува да биде рекордна со околу 30 000 тони продукција. Податоците за склучени договори покажуваат дека има голем интерес и кај тутунопроизводители, но и кај откупувачите за производство на ароматичен ориентален тутун во Македонија.

Прилеп: Се обиделе да ги скријат доказите, двајца полицајци ќе останат без работа

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение...