(ВИДЕО)„Ретки херои посилни од стакло“ најмладите го одбележуваат месецот на ретки болести

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со низа активности, игра и работилници прилагодени според возраста на најмладите и учениците основци, децата учат за ретките болести. Во фокусот на соработката на ЈОУДГ„Наша Иднина“ и  ООУ„Блаже Конески“  Прилеп денес во градинката „Бајка“ во населбата Точила се реализираше перформанс на тема на ретката болест Епидермолиза булоза. Четвртооделенците рецитираа, играа и пееја за  „Ретките херои, посилни од стакло“ за хероите кои се соочуваат со оваа ретка болест да им дадат поддршка и да покажат разбирање и емпатија.

<

„Денес го одбележуваме Месецот на ретки болести во рамки на меѓународниот проект „Ретки се“ реализираме заедничка активност со дечињата од две до три години од ЈОДГ „Наша Иднина“ и учениците од ООУ „Блаже Конески“ под менторство на наставничката Весна Арсиќ се’ со цел за подигнување на јавната свест за ретките болести. Преку едукативни и креативни работилници децата се запознаваат со ретката болест  Епидермолиза булоза, позната како болест на „децата пеперутки“. Преку оваа активност децата научија дека овие деца се соочуваат со огромни ризици. При тоа, тие не се кревки, туку се исклучително храбри и силни. Особено сакам да ја потенцирам овде храбрата и безрезервна родителска грижа и љубов која што ја имаат. Нашата порака со овие активности е многу јасна: поддршката, разбирањето, прифаќањето, емпатијата не смеат да бидат ограничени на еден ден и еден месец, туку треба да бидат дел од нашето секојдневие.  Ретките се инспирација и нивната реткост ги прави уникатни, “ рече Билјана Петкоска, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп. 

Месец февруари, бидејќи е уникатен по бројот на денови, е по традиција Месец на ретките болести кога во светот и кај нас се одржуваат бројни активности посветени на ретките болести.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За регионалното управување со отпад, Прилеп доби нова пратка канти

Општина Прилеп во рамките на „Регионално управување со отпад“ доби нова пратка канти за селекција на отпадот за домаќинствата. Од вкупно 8.318 канти од 120 литри, досега за општинава се испорачани 6.175. За Прилеп остануваат за испорака уште 2.143 канти. По комплетирањето на предвидениот број на канти Советот на Општина...

Започна „Роденденска недела“ на прилепскиот театар по повод 76 години од основањето

Од денеска 16ти до 21ви февруари 2026 година,  во НУЦК „Марко Цепенков“, на „Сцена 105“, се одржува манифестацијата „Роденденска недела“ во организација на НТ “Војдан Чернодрински“ -Прилеп, по повод 76 години од основањето на прилепскиот театар. По повод својот роденденот, прилепскиот театар ја наградува својата публика со прикажување на неделна...

Потрагата по прилепчанецот Виктор Илиоски заврши – пронајден е починат

Потрагата по 40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кој исчезна во сабоата, заврши трагично – тој е пронајден починат. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница – Прилеп е пронајдено лице без...