Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за кои што од Сојузот посочуваат дека не се согласуваат:
„Нашите цени беа 510 денари прва класа, 460 денари втора класа и 400 денари трета класа. Тоа е под услов ако, се да откупува по класи.
Меѓутоа, нашето не го прифатија, а ние нивните цени не ги прифативме. Што значи понатаму, ќе водиме борба да се најдеме заеднички интереси.
„Ова се нивните понуди: Кавекс за прва класа 435, втора класа 370, трета класа 305 и дополнителна 161.Тутунски комбинат има понудено 430 денари прва класа, втора класа 370, трета класа 305, дополнителна класа 160. Сокотаб: прва класа 435, втора класа 370, трета класа 305 и дополнителна 120 денари. Италмакс има 430 денари за прва класа 370, за втора 305, за трета 115, за дополнителна.
Бако има понудено 435 за прва, 370 за втора и 295 за трета. Алијанса 435 за прва класа, 370 за втора класа, за трета класа има 310 денари и дополнителна 180. Мисиријан 435, 370, 305 дополнителна 160. Пашовски 435, 370, 305, и 120 дополнителна класа.
Секе понуди 435, 370 и трета класа 295 денари. Орбита, 450, 370, 305 и дополнителна 160,“ рече Киро Ристески од Сојузот на тутунари.
И годинава земјоделците се ставени пред завршен чин бидејќи производството на ориентален тутун е регулирано со закон, според кој што продукцијата мора да биде пријавена. Површините треба да бидат обележени и пријавени во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Откупните компании започнаа со склучување на договорите. Интересот за тутунопроизводство е зголемен.
Очекуваме сигурно 10% повеќе кооперанти од ланската година. Според нас ова се должи прво заради цената. Цената е 420 денари. Значи нема земјоделска култура што е платена повеќе. Официјално рекорлтата е завршена со 26.236.000 кгр. Од кои прва класа се 25.675.000 или во проценти 98%. Во втората класа 331.000 кгр или во проценти 3%. Третата класа 170.000 или во проценти 0.6% и дополнителната 41.000 со 0.1%. Во третата и четвртата класа се откупи последниот тутун како резултат на продолжената вегетација минатата година.
Засега нема механизам со кој што ќе може да се регулира утврдувањето на цената и без потпис на претставниците од тутунските здруженија да не може да се стават нови цени во договорите.
Многу внимателно се работи на измените на законот, бидејќи подучени сме од 2019 година. Кога на брзина се донесоа некои законски измени, за малку ние ќе го изгубевме тутунопроизводството. И ова е премногу комплексна материја да може толку едноставно да се реши. А се работи секој ден на тоа. Поучени од искуството ова ни дава за право дека со овие понудени цени откупот ќе биде само во прва класа. Самата економија кажува едно: секоја цена на еден производ зависи од тоа колку е спремен да го плати и второ колку е спремен да го работи за таа цена, посочи Никола Илиовски, преставник на тутунарите во преговорите за законските измени.
Во Македонија тутунопроизводството оди по нагорна линија последниве неколку години. Лани биле регистрирани над 33 илјади договори со 10 те откупни компании, а со производство на ориентален ароматичен тутун биле опфатени 17 илјади земјоделски стопански .









