(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки.

Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на први март, девојките и жените плетеле алки – Мартинки.

Токму тоа е нашата цел, да ја задржиме традицијата и обичаите кои ги негувале нашите баби и мајки и да им ја пренесеме на децата и младите, велат од здружението Преродба – Прилеп, кои мартинките им ги подарија на децата од градинките и на децата од Дневниот Центар за деца со церебрална парализа, велат од Здружението на жени Преродба -Прилеп

“Одржавме работилница со децата со посебни потреби од Здружението “Порака“ – Прилеп, со кои изработувавме мартинки  и им ја покажавме техниката на изработка, плетење на белезици со бел и црвен конец. Ова беше одлична можност за дружба и взаемна соработка со децата,кои се радуваат на секоја ннова изработена мартинка“ раскажува Лилијана Горѓиоска , претседател на  Здружението на жени „Преродба„ -Прилеп

Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден ја симболизираат пролетта, но и доброто здравје. Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на нараквица и се закачуваат на првиот ден од месец март. Црвената боја на мартинката значи живот, а белата чистота и здравје. Со конец се изработуваат разновидни фигури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче.

Мартинката може да се отстрани и на прв поглед на штрк, ластовичка, или дрво кое расцветало.

Во 90-тите години кај нас, пред изгреј сонце или кога ќе стане детето од сон, мајката или бабата на детенцето му врзува мартинка на рака или во вид на брош му се става на јакната. Се верува дека мартинката се носи за здравје.

Во поново време, овој обичај поретко се негува од поновите генерации.

Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Институтот за фолклор ,,Марко Цепенков,  направи  мултинационалната апликација до УНЕСКО, во која  Македонија, заедно со Романија, Бугарија и Молдавија бара поддрша на заштита на мартинките како нематеријално светско културно наследство.

Целиот разговор можете да го погледнете ТУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го...

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола:

(ВИДЕО)По повод 8 ми Март – признание и почит за жените учеснички во сообраќајот

На иницијатива на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп и годинава центарот на Прилеп беше во знакот на жената – учесник во сообраќајот. Во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, денеска во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, претставници од...