(ВИДЕО)Прилеп и ЕУ ќе ги развиваат потенцијалите во економијата, инфраструктурата и туризмот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Европската Унија ја препознава улогата на предводник на Прилеп во реализација на проектите за заштита на животната средина, но во иднина ќе се развиваат потенцијалите на општината во економијата, подобрување на инфраструктурата и развој на туризмот, беа главните поенти од денешната посета на амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија Михалис Рокас на Прилеп. Посетата започна со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски, а потоа со членовите на Општинскиот совет. Дискусиите се фокусираа на придобивките од пристапувањето во ЕУ и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.
Амбасадорот Рокас се сретна и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во Општина Прилеп.

Градоначалникот Дејан Проданоски средбата ја оцени како плодна со потенцијал за продлабочување на соработката со ЕУ и во други области освен од сферата на заштитата на животната средина каде Прилеп е пионер.

Имавме плодна средба и дискусија по однос на работите кои што Делегацијата на Европската Унија ги правеше во Република Македонија, особено за општина Прилеп. Ние сме соработувале во неколку големи проекти, би ја спомнал пречистителната станица, образовните програми Еразмус Плус. Сега сме во една фаза во проектот Аквана со сериозни средства со повеќе од 700 илјади евра заедно со програмата Интеркс за соработка на соседните држави во Западен Балкан. Сметам дека имаме добро развиени односи и продлачување на овие односи и дека граѓаните на Прилеп ќе имаат подобар квалитет на живот и дека она што значи општина Прилеп како пионер во Република Македонија во однос на третманот и на отпадните води и третманот на отпадот со еден од главните проекти Пречистителната станица дека би продолжиле понатаму и во овој дел – зачувување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот. Се надевам дека ова нема да биде единствена посета, споменавме дека на почетокот од есента ќе имаме уште една посета да видиме што се случило во општина Прилеп, до каде е со реализацијата на проектите. Да ја информирам прилепската јавност амбасадорот ми предочи дека  има отворен повик на Делегацијата на Европската Унија за аплицирање на нови проекти кој што би траел до 10 ти април и тука сериозно работиме како општинска администрација и се подготвуваме да аплицираме за овие проекти за добиеме што е можно повеќе средства. Во текот на дискусијата зборувавме за подобрување на инфраструктурата, за подобрување на околностите во образованието и се’ она што е од интерес за Европската Унија. Нашава држава да оди напред особено општина Прилеп затоа што сме центар на Пелагонија и имаме исклучителни можности за развој во сите области кои се застапени во интерес на она што сме бирани за подобрување на животот на нашите сограѓани.

Општина Прилеп има потенцијал за развој во неколку области потврди и евроамбасадорот Рокас, нагласувајќи ја важноста од подобрување на патната инфраструктура, што е клучно за развој на економијата, а особено за туризмот.

„Навистина имавме една плодна дискусија денес со градоначалникот во врска со имплементација на различни проекти кои што се финансирани од ЕУ тука во Прилеп, но и во пелагонискиот регион. Имавме плодна дискусија со претставници од Советот на Општина Прилеп. На Прилеп и регионот им одеше многу добро до сега со имплементација на многу проекти кои што се финансирани од страна на ЕУ. Како што ви е познато ЕУ има дадено финансиска поддршка за проекти од животната средина и исто така во изградба на самите институции, за младите. Тоа што е многу важно е ќе седнеме после овој состанок и ние да ги видиме кои се нашите приоритети што се однесува на третирање на цврстиот отпад, за решавање на прашањето за дивите депонии. Сите овие прашања ќе ги разгледаме во иднина, со цел да размислуваме како да се развие туризмот во општина Прилеп бидејќи вие сте општина која што има многу да нуди во таа сфера. Како амбасадор на ЕУ ова е моја втора посета во Прилеп. Ја планирам и предвидувам и третата посета во вашата општина и веќе размислуваме за многу други можности како што е Индустриската зона, прашање кое важно за развивање на економија. Разговаравме исто така за важната патна инфраструктура и проекти кои што се во таа сфера се’ со цел да се подобри самата поврзаност во Прилеп, меѓутоа и на Прилеп со регионот, за да може всушност поврзаноста да биде дел на листата на приоритети. Ова прашање исто така ќе го покренам со централните власти во Скопје,“ рече евроамбасадорот Рокас .

На новинарско прашање за отворање на нова можност за влез на Македонија, Западен Балкан и Украина во ЕУ со статус на пасивни членки без право на глас и без право на вето, тој посочи дека засега е само во фаза на дебата, и состојбите остануваат такви какви што се. Ова уште повеќе, што таквите измени за евентуално членство на нови членки би значело и промена на веќе постоечките договори во ЕУ, за што ќе биде потребна едногласност од сите земји- членки, вели амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.

  „Во моментов постои политичка дебата во ЕУ и во Регионот тука во врска со напорите на ЕУ како во таков случај би ги третирала, ако има 4-5-6 успешни земји- кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ. Исто така, знаете дека ЕУ се обидува да даде идни одговори на постоечките светски прердизвици, така што постои дебата во рамките на ЕУ во сите области. Меѓутоа, во овој момент или  засега , договорите на ЕУ  се тие  какви што се и остануваат, но тоа што е голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите кои што всушност се јасен пат“, – изјави Михалис Рокас.

Одговорајќи на новинарско прашање околу случајот со приведувањето на Артан Груби, амбасадорот Рокас посочи дека Европската Унија не ги коментира случаите кои што се поврзани со имплементација на самото законодавство, меѓутоа ставот е секогаш дека сите треба да бидат  еднакви пред законот.

Во однос на новинарското прашање за владеењето на правото и справувањето со корупцијата во Македонија, Рокас потенцираше дека ЕУ будно ги следи реформите во правосудниот систем и имплементацијата која ќе следи потоа .

   „Што се однесува до владеењето на правото и борбата против корупцијата, веќе може да видиме дека многу активности тековно се  спроведуваат и исто така имаме информација дека Министерството за правда, во моментов работи на изготвување на 30 тина  закони и  се надеваме дека клучните прашања кои што се поврзани со Кривичниот законик ќе можат наскоро да бидат спроведени се со цел да може да се подобри и борбата против  корупцијата, така што ние сме во исчекување на сеопфатен и добар Кривичен закон“,  изјави Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Клучно за Прилеп е што наредниот период ќе следи средба на амбасадорот на ЕУ Рокас со централните власти со цел да се утврдат приоритетните прашања за развој на Прилеп и уште една посета  на општината на есен годинава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Голем одзив на заедничката крводарителска акција од Ротари и Лајанс клубовите во Прилеп  

Со заеднички сили денеска двата клуба Ротари и Лајонс организираа крводарителска акција која што наиде на голем одзив кај прилепчани. Ова е по ред 17 та заедничка акција која што предизвика 80 тина крводарители да се пријават за дарување на најдрагоцената течност. Заедничкото делување на двата клуба е одраз на...

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

Големи попусти во НЕПТУН Прилеп Реотворање на продавницата НЕПТУН ВО ПРИЛЕП во Катната гаража кај старата автобуска станица на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ бр.61 Б. Од 25 ти февруари до 28 ми февруари пазарете во Нептун Прилеп и добијте до 50% попуст на се’!!! По повод реотворањето на продавницата купувачите ќе...

Комитски марш – 140 години од битката на четата на Коне Павлев кај манастирот Св. Архангел на Варош

Културно истражувачкиот документациски центар „Калеш Анѓа“ за Мариово и Планинарското друштво „Јане Сандански“ Прилеп организираат чествување по повод 140 години од битката на четата на Коне Павлев и неговото загинување кај манастирот Свети Архангел Михаел на Варош. Комитскиот марш е планиран како културно-туристичка планинарска тура да се реализира в недела,...