Голем одзив на заедничката крводарителска акција од Ротари и Лајанс клубовите во Прилеп  

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со заеднички сили денеска двата клуба Ротари и Лајонс организираа крводарителска акција која што наиде на голем одзив кај прилепчани. Ова е по ред 17 та заедничка акција која што предизвика 80 тина крводарители да се пријават за дарување на најдрагоцената течност.

– Ова е заедничка активност и целта е да придонесеме во заедницата за вакви крводарителски акции. Во случајот се работи за хуманост од една голема група на луѓе. Ние сме презадоволни од одзивот оваа година, иако секоја година одзивот е се’ поголем,“ вели Кирил Ристески  од Ротари Клуб Прилеп.

Заедничкото делување на двата клуба е одраз на целите од организациите  – да се делува добротворно и хумано во заедницата.

Бидејќи, целта ни е иста на двете организацији, на Ротари организацијата и на Lions Clubs International – хуманитарноста, хуманоста, помагање во сите области кога што има потреба. Ние, бидејќи соработуваме во многу работи, решивме, барем, оваа цел да не биде заедничка. Значи, на тој начин можеме со своето присуство, со своето делување како организации, да ја подигнеме свеста и да ги направиме овие организации повидливи и подостапни за граѓаните, посочи Весна Пацаноска од Лајонс клуб Прилеп.

Ротари и Лајонс се глобални организации кои делуваат во своите локални заедници за помош и поддршка со организација на добротворни акции за обезбедување на опрема и помош во здравството, во образованието и секаде каде што е потребно за развој на локално ниво.

Акцијата се одржа во ресторанот Алтан Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...