(ВИДЕО)Пензионерските здруженија „Достоинствен живот“ се оградуваат од политички влијанија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пензионерските здруженија „Достоинствен живот“, од Прилеп упатија порака дека не делуваат политички, туку единствено за заштита на правата на пензионерите. Ова е иницирано од разногласието во пораките кои деновиве доаѓаат од Политичката партија на пензионерите за пристапување кон одредени коалиции.

– Ние не сме партиски определени, ние делуваме како здружение и ќе останиме како такви. Луѓето кои што се определиле да одат и да се приклучат кон некоја партија, па макар и Партија на пензионери, ние од таквите пензионери се оградуваме. Најтешкиот дел го остваривме, добивме она што го баравме 5 илјади денари линеарно зголемување на пензиите рече Верче Јанческа, од Здружението „Достоен живот за пензионерите“.

На денешната средба претставници од повеќе градови на здруженијата посочија дека од поодамна бараат квалитетен закон за пензионери, а веќе имаат доставено предлог инклузивно законско решение за пензионери кое што нема да биде зависно од политичките субјекти.

„На овој начин, ние сакаме да им помогнеме на владите на Република Македонија, конкретно на оваа Влада, бидејќи како опозиција која беше – не’ поддржа, сакаме да и’ помогнеме, зашто со прифаќање на Законот ќе и се олесни работата и ќе има еден насочен тек кој што ќе ги задоволува и потребите на пензионерите, но и финансиите кои што се собираат за пензионерите“, – изјави Делчо Максимоски, пензионер од Охрид и портпарол на Здружението „Достоен живот “.

Предлог-Законот од страна на пензионерските здруженија бил доставен и до Парламентот. Со неговото усвојување би се избегнале сите идни партиски влијанија врз пензионерите. Во моментов има 356 илјади пензионери во Македонија, во некои општини во гласачкото тело процентот на пензионери варира, од 20 % па и повеќе. Поради ова пензионерите бараат во кандидатските листи за советници да има барем по неколку членови со цел да бидат соодветно претставени.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ристески: Субвенциите за предаден тутун, за ланската реколта ќе бидат исплатени во целост!

Сојузот на тутунски здруженија како легитимен претставник на тутунопроизводителите во реакција поттикнат од информација на Националната земјоделска мрежа која се шири на социјалните мрежи меѓу тутунопроизводителите ги демантира информациите во однос на исплатата на субвенциите за ланската реколта. Дописот до медиумите се однесува на исплатата на финансиската поддршка за предаден...

Проданоски им оддаде почит на сите работници кои придонесуваат за развој на Прилеп

По повод Меѓународниот ден на трудот, Први Мај,  градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека успехот и напредокот на заедницата зависи од трудот  на работниците.”Тие се темел за развој на Општина Прилеп”, вели Проданоски во својата првомајска честитка. – Ви го честитам денешниот празник, Меѓународниот ден на трудот – Први...

Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Со оваа мерка се обезбедува намалување на малопродажните цени: дизелот ќе биде поевтин за 3 денари по литар,...