Дечиња од 4 до 13/14 години не уморно ги вежбат ангелските песни и песната „Вечен е Бог“ со кое ќе го ќе го најават Христовото раѓање во Прилеп. Организаторите од здружението „Бадникови поворки“ – Прилеп, започнаа со подготвуваат за овој настан, вклучувајќи дечиња кои сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка . Ангелските песнички за Рождеството Хрисово кои ќе ги пеат на Бадниковита поворка,веќе започана да се учат.
„Ги покануваме сите со радост да го дочекаме и прославиме Христовото раѓање – Божиќ, “ вели од здружение ,,Бадникови поворки” организатори на оваа манифестација во повеќе од 65 градови во Македонија.
Првата проба се одржа во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“, а организаторите очекуваат дека на денот на поворката да се приклучат уште повеќе дечиња „а, за следната проба се надеваме дека ќе бидиме во многу поголем број!“ повикуваат тие.
Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.
Оваа година Бадниковата поворка ќе се оджи под слоганот „ Со Божиќна радост, срца да сплотиме“.
„Со голема љубов и радост ви најавуваме дека и оваа година ќе ги организираме традиционалните Бадникови Поворки. Овој убав обичај, исполнет со детска песна, радост и благослов, не потсетува сите на вистинското значење на празникот. Ги покануваме сите дечиња што сакаат да бидат дел од оваа прекрасна празнична традиција да нѝ се придружат и заедно да ја шириме Бадниковата радост“ велат организаторите на Бадниковата поборка во Прилеп, кои оваа година се подготвуваат денот да го одбележат со посебна радост, побројни и повесели!









