(Видео) Музиката повторно „зборува“ од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ново музичко издание на хорот при ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, кое со самото појавување предизвика емпатија кај публиката на социјалните мрежи, и со начинот на музичката изведба, и со изборот на  песната, со сценариото и креативноста при пренесување на една од најпрепознатливите балади  „Признавам“ (позната и како „Признавам, не можам без тебе“).

„Mузиката е јазикот кој сите го разбираат, но македонската песна е онаа што ни ја допира душата! Таму каде што зборовите запираат, музиката почнува да зборува. Честитки до сите млади таленти и уметници кои покажаа дека традицијата не е само минато, туку жива искра што ја грее нашата иднина. Продолжете да творите со срце и да не’ правите горди “ , напиша на својот ФБ профил директорот на ООУ „Климент Охридски“ , Ахил Јаков, кој во секој чекор ја поддржува активноста на училишниот хор под водство на менторот, професор Маја Џопа.

Музичката изведба е создадена по повод Светскиот ден на музиката, каде учениците од ООУ „Климент Охридски“ со хорот од СОУ гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп, под менторство на професоер, Татјана Трчкович Ивановска, нивните постојани поддржувачки и пријатели КУД „Преродба“ и групата „Тајфата“,  докажаа дека кога се обединувнети во името на уметноста и музиката, може да се созде нешто бесценето и трајно. Преку безвременската „Признавам“, хорот на ООУ “Климент Охридски“ – Прилеп  уште еднаш ја потврдија својата улога на чувари на македонскиот музички идентитет.

Музика на оваа изведба е на Бојан Митрески,  прилепскта групата „Тајфата“ ги следи хоровите со музика, а спотот го изработи Фан продукција – Пилата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп се подготвува за Пиво фестивалот 2026

Од 17 ти до 19 ти јули, Прилеп ќе е во центарот на забавните летни случувања во Македонија – ќе се одржи Пиво фестивалот 2026, познат како Пивофест. „Три незаборавни денови исполнети со одлична музика, ладно пиво, добра храна и врвна забава. На сцената ве очекуваат најголемите домашни и балкански...

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...