(Видео интервју) За Прилеп со градоначалникот Дејан Проданоски – граѓаните прашуваа

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во програмата на Радио Пела, во живо, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски одговараше најмногу на прашања од граѓаните, кои пеку социјалните мрежи и дерекно во програмата на Радио Пела беа вклучени во дискусијата .

Градоначалникот на Прилеп одговараше на прашања за:

патната инфраструктура – градска и регионална
За комуналната хигиена и уредувањето на градот
За проблемот со кучињата скитници
за активносите кои се планираат за спортот и  ФК Победа
за мерките кои се преземаат за намалување на дивата сеча
за плановите за економско  раздвижување на градот …

Радио Пела : (1:50)  Би предложила да започнеме со она што е најактујално, бидејќи Прилеп заслужува да има голем развој, а пред се, она што е најзначајно за развој на еден град и на една општина (е добрата патна инфраструктура, односно градската патна инфраструктура, но и поврзувањето регионално?(2:08) Што е она што во моментов се случува на тој план и што би можеле (2:12) граѓаните да очекуваат до крајот на годината да земеме  временски период во тој дел?

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој на градот. Во директна комуникација со граѓаните, тој одговори на низа прашања поврзани со секојдневните предизвици на прилепчани.

Проданоски најави одлучна акција за воведување ред во сообраќајот. Веќе од наредната недела ќе започне процесот на отстранување на хаварисаните возила од јавните површини, а се планира и рушење на бесправно изградените гаражи во центарот на градот со цел ослободување простор за нови паркинг места.„Недозволиво е во централното градско подрачје да имаме вакви објекти кои заземаат простор наменет за сите граѓани“, истакна градоначалникот.

Во однос на клучните инфраструктурни проекти, беше нагласено дека изградбата на мостот „Табана“ е во завршна фаза и се очекува да биде готов во текот на летото. Проданоски информираше и за претстојните реконструкции на улиците „Орде Чопела“ и „Трајко Николовски“, како и за лобирањето пред Владата за забрзување на работите на регионалните патишта кон Градско и Битола. Исто така, општината работи на набавка на нови автобуси за зајакнување на јавниот градски превоз.

Една од најактуелните теми беше состојбата со ФК Победа. Градоначалникот најави „сериозен рестарт“ на клубот на здрави и законски основи. Планот предвидува формирање на нова структура која би започнала од третата лига, со цел враќање на довербата кај стопанствениците и инвеститорите, наместо постојано потпирање единствено на општинскиот буџет. Паралелно, се планираат и инвестиции и во училишниот спорт преку изградба на нови спортски сали во населените места Мало Коњари и Каналарци.

За подобрување на хигиената во градот, најавена е набавка на осум нови комунални возила, како и завршување на фабриката за секундарна селекција на отпад – прва од ваков вид на Балканот во сопственост на општина. Дополнително, предвидени се 9 милиони денари за целосно обновување на осветлувањето во Градот.

На крајот од разговорот, градоначалникот Проданоски упати апел до граѓаните за заедничка грижа за јавните површини и вети дека општината ќе продолжи да работи транспарентно и во интерес на сите жители. „Нема криење зад проблемите, туку соочување и нивно решавање на здрава основа“, заклучи тој

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...