(видео+фото) Радост донесоа и го најавија Христовото раѓање – Бадниковите поворки во Прилеп со над 300 дечиња

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“  на Бадниковата поворка учествуваа повеќе од 300 дечиња, што е најголема бројка на деца кои учествувале на поворките во Прилеп кои годинава се организираат по 15 ти пат.

 Поворката започна од Камената бина каде што беше поставена Божиќната пештера па продолжи кон параклисот на Св.Никола, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно децата се вратија на камената бина каде ги отпеаа песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рождество Христово”. Дечињата беа пречекани од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој симболично ги даруваше дечињата од поворката.

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се предвесник на раѓањето

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Петра Лукароска кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ

На прес конференција доцна попладнево претседателот на СДСМ Венко Филипче ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини. За Прилеп кандидат за градоначалник е Петра...

Активни два пожари во прилепско

Oд вкупно 25 во текот на денешниот ден, aктивни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено. Во општина Прилеп активни се два пожари помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани...

IN MEMORIAM: Почина универзитетската професорка од Прилеп, д-р Рамона Маркоска

Вчера, на(17.7.2025 година) почина д-р Рамона Маркоска, (1963- 2025) редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Д-р Рамона Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започна на Техничкиот факултет – Битола во 2008 година, а во...