(ВИДЕО) Eснафските здруженија реагираат, министерство за здравство најавува решение…

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија и Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, заеднички, денеска остро реагираат што голем број нивни колеги, останаа на улица откако Општата болница Прилеп еднострано им ги прекина договорите за работа. Тие бараат итно решение на проблемот и вработување на колегите.

– Овие наши колеги, за жал, им се придружуваат на оние чии договори беа прекинати по различни основи и во различни периоди, во повеќе здравствени установи низ Републиката, во последната година. Фрапантни се фактите, кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои имаат зад себе и по шест-седум години работно искуство, со статус договор на дело, а сè до денес беа составен дел од општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и во Куманово. Овие колеги наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и од лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот – се вели во отвореното писмо до јавноста, потпишано од претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски,  на денешната прес конференција по повод Светскиот ден на борба против ракот на новинарско прашање одговори дека сите согласности за продолжување на договорите за медицинските лица ќе пристигнат до здравствените установи до крајот на следната недела, а за крајот на март најави огласи за вработување на неопределено, на медицински кадар.

Прилепската болница од вчера, 03.02. 2025 не ги ангажира вработените со договор на дело, на кои им било речено дека нема да им бидат продолжени договорите. Станува збор за медицински сестри, болничари, возачи и за друг медицинско-технички персонал, а некои од нив работат во болницата повеќе од седум години.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ново во Прилеп – Џудо клуб ОСАКА – клуб пред кого престојат многу предизвици (ВИДЕО +ФОТО)

Џудото е достапен спорт за секого , со редовна обука и развој на координација и реакција во текот на обуките се стекнува одлична дисциплина но и се формира и зајакнува личноста и нејзиното здравје.Џудото е и инспирација која ве води како идеа на џудо турнирот до крајниот исход без разлика...

Кражба на водоводот во Манастирот Трескавец го пролонгира пуштањето во употреба

Најавен пред година и половина (јуни 2023та) дека ќе се реализира за 4 месеци, водоводот на манастирскиот комплекс Трескавец повторно наиде на пречка. Овој пат причината е кражба на дел од електрониката и каблите од водовoдниот систем. Информацијата стигна како одговор на новинарско прашање за тоа:  До каде се градежните...

(ВИДЕО)Тошеска: Стартуваме со три нови социо-здравствени услуги во регионот на Прилеп

Медицинска сестра во заедницата, спортски едукатори за лица со попреченост, Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење… Граѓанската идеја и иницијатива на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп за услугата „Помош и нега во домот“ се институционализира со поддршка на Министерството за социјална политика и млади...