(ВИДЕО) Ангелина против ЕВН !!!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како да се преживее со високите сметки за струја на социјална пензија?!

Прилепчанката Ангелина е само една од илјадниците случаеви во Македонија што бараат правда со високите сметки за струја. Ниту знае поради која причина добила голема сметка за струја, ниту знае како ќе ја плати, ниту може да се спротивстави, ниту знае како!!!

Ангелина зема социјална пензија, околу 7 илјади денари. Таа е потстанарка во куќа чии сопственици се живеат во странство. Живее во подрумот, не плаќа станарина под услов да се грижи за куќата. Се грее на дрва, готви на плинско, сама е, синот и’ починал пред 8 години. Веќе неколку месеци се опоравува од мозочен удар. Иако, за тој период не била во домот, престојувала кај брат и’ кој се грижел за неа, од она малку што го добива како социјална пензија ја платила сметката за струја од над 5 илјади денари.

Дополнително, побарала и платила за комисија-контрола да дојде и да испита зошто толкава сметка – за последната (декември месец 2024 ) од над 3 илјади денари. И со тоа се надевала дека се расчистила за 2024 та година. Ама, наместо тоа, од ЕВН и’ ја исклучиле струјата, за истиот ден по реакција во наплатниот пункт на ЕВН да кажат дека е по грешка и дека контролата ќе дојде. Наредната сметка изнесувала над 12 илјади денари. Во меѓувреме  Ангелина сеуште чека комисија/контрола за која е уверена дека платила 418 денари. Деновиве, доаѓа нова сметка за струја од над 15 илјади денари. Каде Ангелина да ја бара правдата и како да опстане со социјалната пензија?

„АНГЕЛИНА ПРОТИВ ЕВН“ проследете го видеото

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: