Венко Крстевски – Образованието во општина Кочани мора да се води законски и одговорно. Нема да дозволам повеќе импровизации, самоволие и партиски интереси во училиштата!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Почитувани,
Образованието во општина Кочани мора да се води законски и одговорно. Нема да дозволам повеќе импровизации, самоволие и партиски интереси во училиштата!
Законот за основно образование јасно кажува: паралелка со помал број ученици може да се формира само со претходно позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
Општина Кочани нема добиено такво мислење. Секое друго формирање паралелки е нелегално и директно кршење на законот.
Партиски поставени директори и партиски канџи мора еднаш засекогаш да бидат тргнати од образованието. Таму нема место за партиски игри и лични комбинации, таму се нашите деца!
Ги предупредувам сите директори: ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ЗАКОНОТ или ќе одговарате. Толеранција за незаконско работење нема да има.
Драги родители, ова го правиме за вашите деца. Поголем број ученици во една паралелка значи повеќе другарчиња, повеќе дружење, поголема конкуренција и поквалитетно образование. Нема да дозволам некој поради партиски интереси да им ја крати таа можност!
Оценете вие дали е нормално 27 првачиња да бидат поделени во три паралелки, а законскиот минимум е 20 дечиња во паралелка.
Се поставува прашањето како во основно образование изминатата деценија се вработувани партиските кадри?! Општина Кочани во претходните години нема добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
Во Кочани образованието ќе биде чесно, транспарентно и законско, а партијата и личните интереси ќе останат надвор од училиштата.
Со почит,
Венко Крстевски
в.д. Градоначалник на Општина Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот