Вечерва премиера на претставата „Саатот“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Новата претстава „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиовска, во режија на Кристина Димитрова,  театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе вечерва од 20 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“. Тоа е прва премиера за 2026 година поддржана од Министерството за култура и туризам, а планирани се уште четири премиери со поддршка на ресорното министерство.

„Претставата се подготвуваше  во простор кој овозможува поинтимен и пофокусиран пристап. И благодарам на екипата за вложениот труд. Пред публиката ќе донесеме современа и интимна театарска претстава, која ќе ги натера гледачите да размислуваат за времето,  за животот, за промените – рече Марија Јованоска, директорка на ЦК „Марко Цепенков“.

Текстот е праизведба и значи поддршка на македонските автори, посочи Михајло Миленкоски, раководител на театарот „Војдан Чернодрински“ на прес конференцијата.

– Горд сум што текстот е праизведба. Како театар и ансамбл, а и сите театри треба да ги поддржуваат македонски автори, да се ставаат на репертоарите, бидејќи тоа е дел од нашата култура, нашиот идентитет – рече Миленкоски, соопштувајќи ја екипата што е дел од претставата.

„Саатот“ е претстава за судирот меѓу објективното и субјективното време кои ретко се синхронизирани, но и за повторливоста наспроти минливоста – две спротивности од кои колку и да бегаме, секогаш, без исклучок, нѐ наоѓаат.

–  Без македонска драма нема македонски тетаар. Не само една туку повеќе драми од македонски автори треба да поставуваат театрите. Конечно имав шанса да поставам македонски современ текст, напишан 2020 година. Интересен, бидејќи се работи за млад брачен пар, кој е долго заедно, а живеат во различно време. Многу беше интересно да се работи на тема време и на други поттеми љубов, осаменост… -рече режисерката Димитрова.

Авторката на текстот Лидија Митоска Ѓорѓиовска, која воедно е и драматург, посочи дека е многу среќна што се постави текстот на сцената и дека е горда што екипата во „Саатот„ го задржала секој збор.

Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, додека за музиката беа задолжени Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата играа Филип Јездиќ како Саатот, Димитар Ѓорѓиовски (Јован) и Наташа Ачански (Вера) со вокалната придружба на Ана Митоска.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...