ВЕЧЕР СО РОДОЉУБИВА ПОЕЗИЈА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, синоќа, со почеток од 18 часот, се одржа „Вечер со родољубива поезија“ во организација на библиотеката и на Клубот на литературните творци-Прилеп, а по повод празникот 11 Октомври.

Во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп,  Ирена Стерјоска Локвенец, претставници од Локалната самоуправа, директори на институции, ученици и мноштво љубители на поезијата, настанот го отвори директорката на библиотеката Андриана Ристеска.

Натаму, за значењето на 11 Октомври, кусо предавање одржа историчарот Горјан Василевски. Со поетски творби со родољубива содржина се претставија дваесетина членови на Клубот на литературните творци од Прилеп, а со музички точки настанот го разубавија учениците од Музичкото  училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ под менторство на наставниците Марија Јанчулеска, Мендо Ташкоски, Александра Ивановска-Ангелова и Весна Станкоска.

Настанот го водеше Филип Димкоски кој прочита три песни од македонските поетски великани Гане Тодоровски, Блаже Конески и Михаил Ренџов кој почина вчера и кому со едноминутно молчење на присутните му беше оддадена почит.

Овој настан е во рамките на свечената програма по повод одбележувањто на празникот 11 Октомври.

Известува:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепскиот “wonderkid” со прв професионален договор во Брера

Уште еден доказ дека вистинската приказна се гради од темел. Нашиот Габриел Талески стави потпис на професионален договор со ФК Брера Струмица. Од школата до првиот тим – патот не е лесен, но кога клубот стои зад своите млади, соништата стануваат реалност. Во Брера не зборуваме само за иднината –...

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Имаме јасен план за стабилизација на ФК Победа!

Состојбата со ФК Победа беше тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на која говореше Златко Рикалоски, инаку советник во Советот на Општина Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Нападнати полицајци кои спречувале нарушување на јавниот ред и мир

Прилрпчанец ги нападнал и полициските службеници кога тие се обиделе да го спречат во нарушувањето на јавниот ред и мир. Имено, на 25.12.2025 во 11:30 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.М.(43) затоа што го нарушил јавниот ред и мир. При...