Прилепскиот “wonderkid” со прв професионален договор во Брера

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уште еден доказ дека вистинската приказна се гради од темел.
Нашиот Габриел Талески стави потпис на професионален договор со ФК Брера Струмица.
Од школата до првиот тим – патот не е лесен, но кога клубот стои зад своите млади, соништата стануваат реалност.
Во Брера не зборуваме само за иднината – ние ја создаваме.
Честитки Габриел, горди сме на тебе!
Ова на социјалните мрежи го напишаа од струмичкиот прволигаш.И навистина со своите партии прилепскиот „wonderkid” докажа дека упорноста , трпеливоста и ангажираноста во фудбалскаѕта магија на крајот излегува на површина.Габриел и тимот на Радио Пела ти посакува многу успех во твојата фудбалска кариера.Веруваме во тебе и во твојот исклучителен талент кој треба да прерасне во движечка репрезентативна иднина.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...