В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026.

В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето.

Матурантите ќе влезат од задниот дел на објектот, а симболично ќе излезат од предната страна, означувајќи го преминот кон ново животно поглавје. Вечерта ќе продолжи со матурска прослава во ресторанот „Амор“.

Празничната атмосфера продолжува и во вторник со матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“.

Последниот класен час е закажан за 18 часот, по што генерацијата ќе продефилира низ училишниот двор.

Во 19 часот свеченото дефиле ќе продолжи во Паркот на Револуцијата, каде традиционално ќе биде прогласен и ученикот на генерацијата.

Заокружувањето на средношколските денови за учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ е резервирано за ресторанот „Аледар“, каде од 20 часот ќе започне матурската вечер исполнета со музика, емоции и незаборавни спомени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Макпрогрес“ ги отвори новите производствени погони, присуствуваше и премиерот Мицкоски и владина делегација

Премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, остварија работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, каде што беше одржана средба со менаџерскиот и стручниот колегиум на компанијата и свечено беше

Од 17 до 05 часот забрането движење и паркирање на дел од „Генерал Апостолски“ во Зрновци

За доследно почитување на одобрениот времен режим на сообраќај на дел од ул. „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци, Општина Зрновци упатува сериозен апел и известување до сите граѓани, учесници во сообраќајот, сопственици на моторни возила и мотоцикли, локалното население за доследно и строго почитување на утврдениот и законски одобрен времен сообраќаен режим на дел од