(Видео) Активен пожар над “Три Багреми“ дабничко – прилепско

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепските пожарникари повторно, и ова лето, во битката со пожарите на отворено.

Густ чад и јака миризба попладнево го “покри“ Прилеп. Гори сува трева, дабничко, над месноста викана “Три Багреми“. Пожарот е започнат во близина на споменикот кај Дабница, и порди силината на ветрот, се шири со огромна брзина кон ридот Зеленик.

Пожарот досега зафатил 100 хектари површина , а екипите од ТППЕ -Прилеп веќе неколку часа,поради ветрот, се борат со огнените јазици, со 15 –  есет прожарникари и три протипожарни возила.

Попладнево во 13, оо часот во ТППЕ –  Прилеп беше пријавено дека гори сува трева кај месноста  Дабница над “Три Багреми“. Екипите на ТППЕ веднаш излегоа на терен.

 

ПОЖАР ВО МАРИОВО – ОПАСНОСТ ОД НЕЕКСПЛОДИРАНИ ГРАНАТИ
Покрај,  тоа,  во близина на Прилеп продолжува пожарот во атарот на с. Бешиште ,мариовски, кој веќе е распламтеен пет дена. Пожарот е приземен, во густа мешана шума на стрмен терен. На терен се 3 пожарникари со 1 ПП возило и 4 вработени од ЈП „Национални шуми“ – Прилеп со 1 возило.
Поради густа шума и постојани детонации од неексплодирани убојни средства (НУС), невозможно е делување од воздух,велат од ЦУК. Поголема интервенција од земја засега не е можна поради безбедносни ризици.
Денес тие правеа  проценка дали пожарот би се движел кон терен каде би била можна воздушна поддршка

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Центарот на Прилеп под „опсада“ од најмладите велосипедисти 🚴‍♂️

Претпладнево беше „тензично“ во центарот на Прилеп. Градот беше „под опсада“ на најмладите , дечињата од градинките ЈОУДГ „Наша иднина“  кои возеа велосипеди и тротинети на велосипедската патека од булеварот Гоце Делчев. Тоа беше детска радост во комбинација со одговорност и едукација на најмладите учесници во сообраќајот, активност „Безбедно на...

Уапсени двајца дрвокрадци-ги нападнале полицајците со моторна пила

На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште.  Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале...

Во сообраќајка загина 19 годишен мотоциклист во Прилеп

Утринава, на влезната улица во Прилеп „Леце Котески“ се случила сообраќајна несреќа меѓу автобус и мотоцикл при што загина 19 годишниот возач на мотоцикл. Тој бил пренесен во прилепската болница каде била констатирана смрт: