Утревечер во „Бели мугри“ – „БУЧАВА ШТО СОЗДАВА ИДЕНТИТЕТ“ – ретроспективна изложба на Тошо Филиповски

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 21 ноември (петок), во 19:30 часот, во просториите на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, ќе биде отворена ретроспективната изложба насловена „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок култура, музика и поезија (1963–2023).

Изложбата претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок сцена, преку внимателно одбрани фотографии од легендарни бендови, портрети на нивните фронтмени, како и уникатни рачно испишани текстови на песни – автентични документи кои ја носат енергијата, естетиката и духот на различните генерации што ја градеа оваа музичка традиција, најавува авторот, Тошо Филиповски.

Сите фотографии се поставени на канвас, а текстовите на песните се презентирани токму во нивната оригинална форма – како што биле напишани од музичарите, фотокопирани но и оригинални исписи ставени во рамки.

Овој дијалог помеѓу слика, звук и збор овозможува ретко и интимно доживување на културниот развој на македонската рок сцена. „Бучава што создава идентитет“ не е само изложба – таа е потсетник на богатото творештво што низ децении го обликуваше современиот македонски културен пејзаж, смета Филиповски.

Изложбата е дел од пошироките активности за зачувување и валоризација на македонското музичко наследство.

Настанот е отворен за јавноста, а љубителите на музиката, историјата и визуелните уметности ќе имаат можност одблиску да ги видат овие ретки и значајни артефакти.

Локација: НУЦК „Бели Мугри“, Кочани

Датум и време: 21.11.2025, 19:30 часот

Со поддршка на Министерството за Култура и туризам и НУ ЦК Бели Мугри – Кочани

 Организатор: Корпус Деликти Рекордс и Македонски рок музеј, архив и библиотека.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Креативни новогодишни работилници во ОУ „Раде Кратовче“

Денеска во ОУ „Раде Кратовче“ се реализираше работилницата „Новогодишна бајка во боја“, на која учениците работеа во различни ликовни техники. Изработените цртежи ќе се користат за украсување на училиштето, а дел од нив ќе бидат изложени и продавани на Новогодишниот базар што ќе се одржи на 25 овој месец. Во училишната сала се одржа и

Словенечкиот амбасадор Прескер на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот. Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста