Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница.
Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина.
Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности за чистење на повеќе локации низ општината, покажувајќи дека со заеднички ангажман може да се направи значаен чекор кон зачувување на природата и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
Како компанија која континуирано вложува во општествено одговорни иницијативи, „Макпрогрес“ со задоволство го даде својот придонес во оваа значајна еко акција, испраќајќи порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност на сите нас.
Настанот заврши со заедничко дружење на плоштадот во Виница, во духот на заедништво, позитивна енергија и посветеност кон општината што ја сакаме.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









