Успешно се лекувааат во Варна две момчиња и едно девојче…Подарена икона за здравје…,

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Воено медицинската академија во Варна, Бугарија, во моментот  на лукување се наоѓаат две момчиња и едно девојче од Кочани поврдени кобната ноќ на 16 март на концертот на ДНК – бендот.

Сите тројца се надвор од животна опасност, во добра здравствена состојба, информира родител на едното од децата. Според неговото кажувања, медицинскиот персонал во болницата кон децата од Кочани се однесува максимално професионалн, и повеќе од тоа. Лекувани се со современи методи, грижата, вниманието и негата кон нив се врвни.

Од голема помош се сите вработени во Амбасадата на Македонија во Бугарија., како и нивните колеги во Амбасадата на Бугарија во Скопје. Докторт Столе Зафиров, Македонец кој повеќе од две децении работи кај источниот сосед им е секогаш при рака на родителите за се што е потребно. Студенти од Македонија секојдневно се во болницата во Варна.

Македонската амабасадорка во Бугарија, Агнеса Руси, од почит кон кочанскиот православен храм „Св. Великомаченик Ѓеорѓи“ и за побрзо оздравување на повредените подари икона насликана од од познатиот бугарски сликар, Илија Лелов

Дечиња од детска градинка во Варна, пак, на своите врсници од детската градинка „Павлина Вељанова“ им испратија своја ракотворба со желби за поубаво утре.

Освен во Варна, на лекување во Бугарија се наоѓаат уште петнаесет деца од Кочани. Сите се сместени во болници во Софија. На сите состојбата им се подобрува.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на работен состанок со директорите на основните и на средните општински училишта

Денеска директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата градоначалникот се запозна со состојбата со бројот на ученици и со ангажираниот наставен кадар и со одвивањето на наставата во учебната 2025/2026 година. По изнесените состојби од директорите се заклучи дека нема пречки за непречено одвивање

Во PUBLIC coffee bar викендов – Наташа Малинкова и Ивона ЈО

Бидете подготвени за викенд што ќе се памети… Петок, 21часот – Наташа Малинкова Сабота, 21 часот – Ивона ЈО Наредниот викенд – повторно со познати пејачи и бендови од македонската поп и рок естрада ….Кога ќе се стемни, PUBLIC – „светнува“ …    

ЈУМИС ВРАБОТУВА ПРОЕКТАНТ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.