Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ЈОУ Библиотека,,Искра”, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето.

Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари,, Матица” од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и ја нагласи нивната важност за одржување на телесното здравје.

Во психолошкиот дел на темата ,,Влијанието на стресот врз телесното здравје- психосоматика”, проф. д- р Мирјана Јовановски Стојановски, говореше за стресот како појава, за препознавање на симптомите и практичните техники за намалување на истиот.

Соработникот во Библиотеката „Искра“, Магдалена Кочовска Салтирова, во своето излагање ја истакна улогата на библиотеката како центар на заедницата каде се случуваат средби за размена на идеи и размислувања.

Таа смета дека секоја библиотека претставува средина каде се стекнуваат и прошируваат знаењата.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка