Пристигнување на учесниците на дестинацијата која е договорена за почеток на трката – СРЦ Бавчалук Кочани * Регистрирање на учесниците и подигнување на стартните броеви до 9:30h. Почетокот на трката е прeдвиден во 10:00h. *Оваа година патеката е изменета од претходната година, но вклучува дел кој се трча околу езерото Гратче. Стартот е од СРЦ Бавчалук Кочани се трча кон водопадите на Голема Река но се минува под селото Црвена Нива . На самите Водопади има окрепна станица за освежување. Потоа патеката оди кон местото Мактеон во Горно Гратче и следува спуст кој минува по круната на Езерото, овде има втора окрепна станица и потоа се трча по земјена патека од десна страна по течението на реката се до финишот. Должина на патеката е околу 19 км Висинско искачување: 850м Старт: 10:00h Дата: 26.10.2025 Спортски Центар Бавчалук -Кочани Цена за учество изнесува 800 ден. Цената вклучува стартен пакет кој содржи: Стартен број, финишер медал, производи од спонзори, освежителни станици, храна, брендиран ранец, и брендирани чорапи со логото на клубот
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.