Уште 6 откупни компании ја зголемија цената за првата класа

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уште 6 од вкупно 10 те откупни тутунски компании ја зголемија цената за првата класа ориентален тутун на 400 денари за килограми. Информацијата денеска ја пренесе Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија:

Трендот на зголемување на откупната цена на првата класа покрај Пашоски од денеска го следат уште 6 откупни фирми кои до нас доставија анекс за коригирање на цената на 400 денари. Остануваат уште 3 фирми Кавекс, Итал макс и Мисиријан, за кои веруваме дека наредниве денови ќе добиеме официјални одлуки за корекција на цената.

Инаку интензитетот на откупот се зголемува. Досега се откупени 7 100 000 кгр ориентален тутун, по просечна цена од 375 денари за килограм, рече Ристески.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...