Уредување на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување на влезот во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Екипи на Општина Кочани и избраниот изведувач за одржување на јавното осветлување „Електрика“, со поддршка од КЈП „Водовод“ и МВР, реализираат координирана акција за кастрење на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување.

Акцијата се спроведува на потегот познат како Зелен Појас, по улицата „Димитар Влахов“ до спојот со улицата „Павлина Велјанова“, каде што во изминатиот период обраснатите дрвја и гранки значително ја намалија ефикасноста на уличното осветлување.

Ослободувањето на светилките од обраснатите гранки ќе придонесе за непречено ширење на светлината и рамномерно и поефикасно осветлување на јавниот простор.

Надлежните информираат дека ваквата акција ќе продолжи и на други критични локации во Кочани.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 26 февруари во „Искра“ – Книжевна работилница „Во светот на бајките“

ЈОУБ „Искра“ од Кочани  на 26 февруари 2026 г. организира книжевна работилница насловена „Во светот на бајките“. Работилницата се реализира по повод Светскиот ден на раскажувањето бајки. Работилницата започнува во 10 ч. и освен во Кочани истата активност ќе се одвива и во населбата Оризари. Во просториите на библиотеката во градот, учесници се учениците од

Како Кочани живее со трагичните сеќавања – и продолжува понатаму, гледано низ призмата на психологот Јовановска Стојановска…

Речиси една година по трагедијата што го потресе Кочани, прашањата поврзани со психолошките последици и процесот на закрепнување и понатаму се значајни за жителите на општината. Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“ разговаравме со претседателката на Секцијата на кризни интервенци при Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, за тоа како заедницата се

Виничанец давал кокаин на малолетници од Македонска Каменица…

Кривична пријава против виничанец: На малолетник од Македонска Каменица му овозможил употреба на кокаин Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К. (22) од Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Инцидентот се случил на 31 октомври 2025 година во Македонска Каменица, кога