Како Кочани живее со трагичните сеќавања – и продолжува понатаму, гледано низ призмата на психологот Јовановска Стојановска…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Речиси една година по трагедијата што го потресе Кочани, прашањата поврзани со психолошките последици и процесот на закрепнување и понатаму се значајни за жителите на општината.

Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“ разговаравме со претседателката на Секцијата на кризни интервенци при Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, за тоа како заедницата се справува со последиците од настанот и каква поддршка е потребна на долг рок.

Во разговорот се отвораат теми за најчестите психолошки реакции по трауматски настан, можноста тие да се појават и со временска дистанца, како и за важноста од навремено препознавање на потребата од стручна помош.

Зборувавме и за улогата на институциите во обезбедување континуирана психосоцијална поддршка, како и за значењето на Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка за Кочани и источниот регион.

Јовановска Стојановска посочува дека закрепнувањето е индивидуален процес и дека различни луѓе различно се справуваат со траумата.

Дел од граѓаните веќе се враќаат на вообичаеното секојдневие, додека кај други процесот трае подолго и бара дополнителна поддршка.

Токму затоа, достапноста на професионална помош и континуираната грижа за менталното здравје остануваат клучни аспекти во периодот по вакви настани.

Во продолжение погледнете го видео разговорот:

Д.Николов

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени