УХМР: Викендов обилен дожд и ветер

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

УХМР најавува дека под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Според УХМР, особено ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час. Утре дневните температури во земјава ќе се движат од 15 до 29 степени, во сабота од 19 до 25, а во недела од 17 до 24 степени. На почетокот на идната седмица времето ќе биде стабилно со сончеви периоди.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пристигна во Македонија историски документ од 17 век за посебноста на Македонците

Професорот Георги Гоце Дуртаноски и’ ја врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првата копија од Привилегијата  дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Овој историски документ е од огромна важност и денес кога Македонија и Македонците се соочуваат со негирање на етничката, културната...

Шампионот одигра шампионски – РК Прилеп – РК Еурофарм Пелистер 25:40

Во 10 коло од Супер машката ракометна лига, ракометарите од Прилеп на домашен терен, вечерва изгубија од помоќниот противник, Еурофарм Пелистер со 25:40 (12: 21). Тоа беше натпревар меѓу Давид и Голијат. „Џиновскиот“ тим на Еирофарм Пелистер само беше домашна атракција за прилепската публика, која сакаше да го види македонскиот...

Дулеска: Скапоцени и применливи впечатоци од посетата на Кина

Таа е професор по англиски јазик. Таа е динамична, препознатлива, отворена, секогаш позитивна и желна за отворање на нови хоризонти, нови знаења кои несебично ги применува во својата работа. Се труди да донесе свежина во својата работа, да ги направи часовите интересни и примамливи за децата. Нејзината вокација е „Образованието...