Учиме од Австрија како да ги подобриме социјалните услуги во Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението „Центар за развој и едукација“-Прилеп заедно со претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, директорот на Центар за социјална работа од Прилеп и градоначалници од општините Кривогаштани, Градско, Прилеп и Долнени остварија студиска посета во Република Австрија каде што се запознаа со иновативни пристапи и добри практики во областа на социјалните услуги.

Посетата беше организирана во рамките на проектот ТРАНСАКТ – трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности од страна на партнер организациите од Австрија под водство на Регио 3 Тирол и Аташе Харалд Фугер со цел размена на искуства и унапредување на услугите што се нудат во нашата заедница. За време на посетатa се остварија средби со експерти од областа, се посетија установи кои нудат современи социјални услуги а Посебен акцент беше ставен на услугата медицинска сестра во заедница и услугите за стари лица. Беше посетена организацијата “Haus. St. Klara” каде се даваат услуги за стари лица, жени и деца во социјален ризик, палејативна грижа и примарна медицинска нега, дневниот Центар за стари лица кој обезбедува програмски активности за активно стареење за над 50 корисници дневно.

Се оствари посета на Kleinstadtbiotop Vockalbruck која е реновирана стара зграда што денес нуди социјални услуги, промоција на мали трговци и простор за граѓаните од општината и регионот. Offenes Kunst, Kultuthaus Vockalbruck – претходно болница која денес е место за социјални и културни иновации. Во Loigom hoit zomm – Leogang Sozial се запознавме со проектот Медицинска сестра во заедницата спроведуван од “Saalachtal & Leogang” и разговараме за придобивките кои ги носи оваа услуга. Во Китцбуел ја посетивме институцијата Seniors residence Kitzbuhel – Дом за стари лица со дваесет и четири часа поддршка за живеење и дневен центар за стари лица со активно стареење. Посетата ја завршивме со посета на регионалното социјално Министерство на провинцијата Тирол каде се запознавме со организациската поставеност на институциите и здруженијата – даватели на социјални услуги, вели Марина Тошеска од „Центар за едукација и развој“ Прилеп.

Оваа посета е дел од напорите за подобрување на социјалните услуги кај нас преку учење од европските искуства и нивна адаптација во наш, локален и регионален контекст. Очекуваме дека стекнатите знаења и примери на добри практики ќе придонесат за развој на поквалитетни и поефикасни социјални услуги во нашите заедници. *Проектот ТРАНСАКТ е поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...