Ученици од Крижевци зимуваат на Пониква

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Во рамките на соработката меѓу двата збратимени града Кочани и Крижевци, осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модец“ од Крижевци, Република Хрватска, престојуваат на Пониква.
Основците придружени од директорот на училиштето Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ, велат дека уживаат во убавините на Осоговските Планини.
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети гостите кои му ги пренесоа впечатоците од престојот на Пониква. Наредниве денови службите од Општина Кочани организираат повеќе содржини и средби со врсници од Кочани.
Зимувањето на дел од најдобрите ученици од Крижевци го обезбедува Општина Кочани. Сo соработката меѓу двата збратимени града, воспоставена во средината на осумдесеттите години, Градот Крижевци им овозможува летување на островот Паг на учениците на генерацијата од осумте училишта од Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и

Татко од Кочани си ја нападнал ќерката со тврд предмет – и го одзел мобилниот телефон

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година. За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“. Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“. Во