Ученици и од прифатилиштето за кучиња, јавно повикаа на подигнување на свест за проблемот со бездомните кучиња

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Некои се интересираа, а повеќето од минувачите не беа заинтересирани да чујат од учениците од СОУ „Орде Чопела“- Прилеп, од ветеринарната струка, кои правеа обид да ги информираат граѓаните за тоа како да се намали проблемот со кучињата скитници, со делење летоци и совети за важноста за грижата на милениците и за правилна перцепција на проблемот со осуда на неодговорните сопственици кои ги оставаат милениците на улица и со тоа го зголемуваа проблемот со големиот број кучиња скитници.

Настанот беше во организација на Прифатилиштето за миленици при ЈКП Комуналец кое на вакво начин бележи 7 години од постоењето и спроведувањето на правилниот третман: микрочипирање, вакцинација, дехелминтизација , кастрација, стерилизација,за нивно враќање со ушна маркица на локацијата од каде е заловено. Оттаму велат дека коренот на проблемот со кучињата скитници се решава со оперативни мерки,но пред сè со поддршка од целокупната заедница.

Ние сме уредено опремени и функционираме со 13 боксови што не е доволно. Нѝ требат дополнителни боксови да работиме поинтензивно, со побрза динамика, но сепак тоа е сето планирано е во нашиот план за 2026 година и се надеваме дека ќе оствариме, како инвестиција, и ќе мижиме наредната година да означиме постигнување на некој друг цел во однос на бездомните кучиња. Проблемот е комплексен, не може да се реши наеднаш, но бара континуирано работење. Денеска сакавме да ставиме акцент на нашето седумгодишното работење, односно од како почнавме со здравствена заштита на бездомните кучиња, според процедура, со микрочипирање, вакцинација, дехилментизација, значи кастрација и стерилизација и враќање со ушна маркица на локацијата. (0:22) Тоа го работиме, вкупно седум години и сакаме со ова одбележување симболично да испратиме апел до неодговорните т.н „згрижувачи на миленици“, (0:33) кој се најдуваат меѓу нас, затоа што не би постоел проблемот ако нема неодговорни сопственици (0:43) и да ставиме акцент на одговорното сопствеништво, на пријавување на своите домашни миленици, (0:50) одговорно чување и работа на сите служби за анулирање на проблемот со кучиња скитници“, вели Татијана Барлакоска од „Прифатилиштето за миленици“ при ЈКП „Комуналец“ 

Во акцијата за подигање на јавната свест  кај граѓаните за овој проблем, се вклучиа и учениците од СОУ Орде Чопела, ветеринарната струка.

„Пред се треба да се даде голем акцент на подигнување на свеста (2:26) кај  сопственицте на миленци, бидејќи мислам дека коренот на решението е тој. Начинот е едукација од мали години, деца да сфатат дека за важноста и грижата за мелениците кои се згрижени во нивното семејство,  (2:46) меѓутоа и со сите оние превентивни активности со кои треба да се подигне јавната свест  за да се реши овој проблем.  Во нашето училште, “Орда Чопела“, го имаме профилот ветеринарна медицина (1:53) и имаме долгогодишна соработка со прифатилиштето за бездомни кучиња (1:58) при ЈКП Комуналец“- Прилеп, (2:01). Најчесто е тоа преку практичната настава со ветеринарната клиника во Прилеп (2:06) со која тие имаат соработка, каде нашите ученици, се активно вклучени во решавање (2:11) на овој проблем со бездомните кучиња, преко различни практични активности, (2:16) а исто така и преку волонтирање во самото прифатилиште. Проблем е од нас самите, (2:59) бидејќи кичињата се зависни од нас, така дека ако ние не се грижиме (3:03) за нивното здравје и секако за нивното благосостојба, (3:08) ке го имаме овој проблем долгогодишно“ “, вели  професорот по ветерина, Игор Галески.  

 (3:33) Со помош на фериалната и практичната настава ние им помагаме на бездомните кученца.(3:42) Во амбулантата се грижиме да бидат вакцинирани, чипирани, да заправиме хируршки захват како кастрација и стерилизација (3:51) за да нема размножување на бездомните кученца и нат ој начин придонесуваме кон намалување на проблемот што го имаме во градот. И имаме одено во самата (4:01) прифатилиште за кученца, таму им помагаме да бидат на хранет (4:05) и да бидат средени кафезите, да има добра хигиена. (4:10) Во глобала се грижиме за здравјето и благосостојбата на кученците,рече ученичката Михејла Селјановска, од СОУ Орде Чопела ,од ветеринарната струка.

Пораката на флаерот кои денеска им беа делени на граѓаните на Прилеп нудеа можнсот во секој пет шоп да се добеи 30% попуст на храната за миленици,а  донација ќе биде наменета за Прифатилиштео на кучиња. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Бугарски државјани фатени во кражба на предмети и делови од народна носија

Во Демир Хисар полиција уапсила тројца државјани на Бугарија со две возила кои биле фатени во кражба на делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство:

За дискриминација на тутунарите се подготвува Претставка до Уставен суд

Националната земјоделска мрежа во пресрет на законскиот рок за старт на откупот остро реагира за дискриминаторскиот однос од страна на откупните компании кон тутунопроизводителите: за непочитување на законските одредби, подредената нерамноправа положба на земјоделците и неможноста при утврдување на цените во договорите, што ќе доведе до уривање на ориенталниот тутун...

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

Билетите за големото дерби во Битола на Еурофарм Пелистер: Вардар 1961 кое се игра вечерва од 18 часот, среда, 10 ти декември во салата „Боро Чурлевски“ се целосно распродадени за само петнаесетина минути по пуштањето во продажба. Тоа ќе биде вториот дерби дуел од Суперлигата помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар...