Уапсен кочанчанец бегалец од затвор осуден на речиси 14 години затвор

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Полициски службеници денеска (8 февруари 2026 година) околу 15 часот во селото Глуво, скопско, го лишија од слобода М.Т. (39) од Кочани, кој бил во бегство од затвор. Апсењето го извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка и Полициското одделение Мирковци, по претходно распишана потерница по судска наредба. Според информациите, М.Т. бил баран поради бегство од КПУ Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна од 13 години и 11 месеци за сторени кривични дела по членовите 235, 236 и 237 од Кривичниот законик.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Виница се одржа 44. Лозаро-овоштарска вечер..

Вчеравечер во хотелот „Центробизнис“ во Виница се одржа 44-тата Лозаро-овоштарска вечер, традиционална манифестација која собра бројни гости од Виница и регионот. Во рамки на настанот, минатогодишните кумови Бранко Ивановски и Александар Гаврилов – го предадоа кумството на новите кумови: Никола Колишев за Исток и Кристијан Георгиев за Запад. Дел од манифестацијата беше и традиционалната дегустација

Тешко повреден 46-годишен работник од Кочани во фабрика во Спанчево

На 07.02.2026 во 13:02 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во хала од фабрика во с.Спанчево, општина Чешиново–Облешево, со тешки телесни повреди се здобил И.Е. (46) од Кочани, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа.  

Лишен од слобода во Кочани бегалец од затвор, осуден на осум години и девет месеци

Денеска (08.02.2026) околу 13:20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и ОВР Кочани во Кочани го лишија од слобода И.Ѓ. (35) од Гевгелија. И.Ѓ. беше баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Штип“, за издржување затворска казна од осум години и девет месеци, осуден поради сторено кривично дело по