Уапсен главниот благајник во прилепската болница – проневерeни се околу 15 милиони денари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ, соопшти Финансиската полиција.

-Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020 година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021 година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека по насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Опомена: При објавување на Христовото воскресеније не ставајте ги свеќи на плочките и оградите на храмовите

Црквата ги моли верниците да не оставаат запалени свеќи на плочките во дворовите, по оградите на храмовите по чинот на Христовото Воскресеније . Овој чин, иако произлегува од побожност и желба за молитва, носи сериозни ризици. Опасност од пожар е една од причините, зашто запалените свеќи лесно можат да предизвикаат...

„Со Хриството воскресение ја исповедаме целата суштина и смислата на верата“ се вели во Велигденското послание на г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања. Во него Поглаварот на Македонската православан црква г.г. Стефан вели: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме...

За Ачески, великиот прилепски уметник и хроничар Камерна галерија „АЧЕ“ и монографија

Националната установа за заштита на спомениците на културата НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма го одбележаа животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче. Вечерта беше посветена на зачувувањето на колективната меморија со неколку настани: промоција на монографијата „Еден музеј на...