Тунески: СДСМ продолжува со лаги за работата на градоначалникот и директорите на средните училишта во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

СДСМ продолжува со ширење невистини и лаги за работата на Градоначалникот на Општина Прилеп заедно со директорите на средните училишта – истакна на денешната прес конференција, Христијан Тунески, портпарол на општина Прилеп, како демант на  пресс конференција кој во Скопје на претседателката на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукареска  која рече дека Градоначалникот на општината и директорите на пет средни училишта биле фатени во криминал со превозот на ученици.

-Најодговорно тврдиме дека јавната набавка за организиран превоз на учениците од населените места до средните училишта во општина Прилеп за 2023 година, е законски спроведена согласно со член 119 од Законот за јавни набавки и се запазени сите процедури. За оваа јавна набавка и за сите договори постои уредна документација во училиштата која може слободно да се провери. Потенцираме дека е апсолутно неточно тврдењето дека е зголемена цената на услугата и дека се исплаќани фактури без договор. Иронично е што ваквите лажни обвинувања за овие спроведени јавни набавки доаѓаат од тие коишто правеа криминали во минатото и нивната желбата да се прикрие незаконското работење на сегашната претседателка на ОО на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, којашто беше директор на СОУ „Ѓорче Петров“ и цело прво полугодие на учебната 2021/2022 сите средни училишта немаа договори за превоз и незаконски ги превезуваа учениците. Доказ за тоа е и судскиот спор којшто го поведоа превозниците против тогашните 5 директори на средните училишта поставени од претходната локална власт на СДСМ. Поради тоа бараме од Јавното обвинителство да испита како се превезуваа учениците 4 месеци од првото полугодие на учебната 2021/2022 година. Исто така, бараме од Јавното обвинителство да ги провери стенограмите од седницата на Советот на Општина Прилеп каде што двајца од тогашните директори на средните училишта поставени од СДСМ јавно изјавија дека учениците во првото полугодие од учебната 2021/2022 се превезувале без договор односно со устен договор помеѓу нив и превозниците. Почитувани сограѓани и медиуми, времето на незаконско работење и сомнежите за криминал завршија, а со сторените кривични дела и со одговорноста оставаме да се занимаваат истражните органи. Локалната самоуправа на Општина Прилеп предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески работи одговорно, законски, чесно и исклучиво во корист на граѓаните на општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За пошумување на „Маркови кули“ и за одржување на зелените површини – Прилеп доби два нови проекти за подобра животна средина

Два проекти за подобра животна средина доби Оптшина Прилеп, од Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година (2025) преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој. Проектот „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ опфаќа нов мини багер, за  поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени...

За објави на говор на омраза на социјалните мрежи прилепчанец добил кривична пријава

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.М.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 10.04.2025 преку социјалната мрежа, пријавениот споделил видео запис со кој поттикнувал омраза и нетрпеливост. За опасноста од вавките објави, говори...

АЛТЕРНАТИВНАТА СЦЕНА СЕ ВРАЌА НА ПИВО ФЕСТИВАЛОТ

Трите фестивалски вечери ( 18 -20 јули) ќе бидат збогатени со настапи на DJ-и, кои ќе се погрижат забавата да продолжи и по завршувањето на програмата на централната бина. Алтернативната сцена ќе се одржува на   Камена Бина. В петок на алтернативната сцена ќе настапи DJ Martin Kay, в Сабота спектакуларно...