Од 17 до 05 часот забрането движење и паркирање на дел од „Генерал Апостолски“ во Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

За доследно почитување на одобрениот времен режим на сообраќај на дел од ул. „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци, Општина Зрновци упатува сериозен апел и известување до сите граѓани, учесници во сообраќајот, сопственици на моторни возила и мотоцикли, локалното население за доследно и строго почитување на утврдениот и законски одобрен времен сообраќаен режим на дел од главната улица „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци.

Временски период и рамка на важност: Согласно Одлуката на Советот на Општина Зрновци (бр. 08-699/1 од 20.07.2022 година) и изработениот Основен сообраќаен проект (тех. бр. 964/22 од „АСТРЕКС“ Скопје), во сила е изменет режим на сообраќај за временскиот период кој ги опфаќа летните месеци јуни, јули и август, со важност во текот на секој ден во деноноќието во периодот од 17:00 часот попладне до 05:00 часот наутро.

За овој изменет режим на сообраќај во целост е обезбедена и уредно заверена соодветна Согласност од Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи Штип (Ев. бр. 22.28.5-6526/2 од 31.08.2022 година), издадена врз основа на член 348 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП).

Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, децата и рекреативците, како и зголемување на општата сигурност во централното јадро на општината во вечерните часови, на терен е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА:

Се известуваат сите сопственици дека е строго забрането движење со моторни возила, како и паркирање или оставање на возила на коловозот на делот од ул. „Генерал Апостолски“ кој е опфатен со проектот во наведениот интервал од 17:00 до 05:00 часот.

Општина Зрновци во соработка со СВР Штип/ОВР Кочани – Одделение за полиција, во следниот период ќе спроведува засилени теренски контроли.

Секое непочитување на сообраќајните знаци, нелегалното движење на возила ќе биде директно и строго санкционирано од страна на надлежните полициски органи согласно законите.

Ги замолуваме сите сограѓани за високо ниво на општествена свест, совесно однесување и почитување на сообраќајните правила, со цел да ја заштитиме безбедноста на сите пешаци.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Меѓународен турнир во фудбал „Пехчево куп 2026“

Викендов на Грдскиот стадион во Пехчево се одржа Меѓународниот младински турнир во фудбал „Пехчево куп 2026“ Вкупно 48 фудбалски екипи во пет возрасни категории ги одмерија силите во пријатен амбиент и одлична атмосфера. Покрај од Македонија имаше натпреварувачи и од Бугарија и од Албанија, а на крајот сите беа победници. Беа доделени пехари за најдобрите,

Нови станбени единици во Кочани „Alfa 5 – Boulevard Residence“

Станбено – деловен објект „Alfa 5 – Boulevard Residence“ Со инвестирање во објектот „Alfa 5 – Boulevard Residence“ добивате: Топ локација – во најстрогиот центар на градот Функционални распореди со одлична организација на просторот и различни типологии на квадратури Високо квалитетни вградени и завршни материјали Обезбедено ладење и греење – мулти сплит систем Трислоен паркет