Традицијата продолжува – Кочанчани му се враќаат на киното, Мистер Бин го наполни училишниот двор на „Никола Карев“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Проекцијата на филм од серијалот „Мистер. Бин“ под отворено небо, синоќа ги наполни двете спортски игралишта во дворот на  ОУ „Никола Карев“ во Кочани.

Учениците и нивни родители беа само дел од публиката. На проекцијата присуствуваа граѓни што немаат никаква врска со училиштето, само сакаат, ни рекоа, да го почуствуваат задоволството од гледање филм на големо платно, нешто што за кочанчани беше вообичаен и чест настан посебно во седумдесетите, осумдесетите и првата половина од деведесетите години од минатото столетие.

– Кочани се наоѓа во чуствителелен период на рехабилитација после случувањето од март годинава. Најпрвин мислевме изборот на филмови да го прилагодиме за возраста на нашите ученици. Но, набргу свативме дека се потребни филмови за сите возрасти, за младите пред се. Идејата за кино проекции дојде од стручните служби. Ќе обезбедиме онолку филмови и со таков квалитет што можеме да го платиме, информираше директорот на ОУ „Никола Карев“, Александар Андов.

Тој најави една проекција неделно во текот на летниот период, на отворено, во училишниот двор.
Дека на градот му недостасува „филм на големо платно“ станува очигледно. Минатата недела Кочани го посете Патувачкото кино на МакеДокс. На Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ од 15 – ти до 20 – ти јули беа прикажани пет документарци. Момците од МакеДокс беа „супер“ задоволни од посетеноста.
Контактиравме со ЦК „Бели мугри“, каде се одвиваат активности за обезбедување срадства за набавка на професионална кино опрема, прожектор и големо платно за проекции на отворено.
В.д директорката Габриела Стефановска не сакаше да открива детали. Потврди дека е во комуникација со потенцијален донатор, поединости најави во моментот кога проектот ќе биде финализиран.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

“Хаос” на Народниот театар од Штип вечерва го отвара 63. ДАФ на Македонија

Со претставата „Хаос“ на Народен театар Штип вечерва во 20:15 часот свечено ќе биде отворено 63. издание на Драмски аматерски фестивал, чиј традиционален домаќин е Кочани. Претставата е режисерско остварување на Александар Ивановски, работена по текст на Мика Милиахо. Во текот на петте фестивалски дена, на сцената на Центар за култура „Бели мугри“ ќе бидат

В недела свечено отворање на затворениот градски пазар во Виница

В недела, 17 мај, со почеток во 11 часот, во Виница официјално ќе биде отворен затворениот градски пазар. На настанот ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. При посетата ќе биде направен и увид во повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкција на водоводна и

Теренот „Дамјан Груев“ Чешиново ќе ги собере младите фудбалски таленти од регионот…

Во сабота, спортскиот терен „Дамјан Груев“ во Чешиново ќе биде домаќин на завршниот турнир од детската фудбалска лига, во организација на ФК Атлетико 2021. Настанот ќе се одржи на 16 мај со почеток во 09:30 часот и ќе ги собере најмладите фудбалски надежи од генерациите 2014, 2015/16 и 2017/18. Според организаторот, на турнирот ќе настапат