ТППЕ – Кочани: Апел за навремено чистење на оџаците – во спротивно казните изнесуваат од 500 до 2.500 евра

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ТППЕ – Кочани упатува апел до граѓаните од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево за поголемо внимание и превентивни активности за заштита од пожари во текот на грејната сезона. Надлежните повикаа, граѓаните навреме да ги исчистат оџаците и димоводните канали, за да не дојде до пожар.

Минатата година,во текот на грејната сезона во периодот од ноември до април, во кочанскиот  регион беа регистрирани 60 пожари предизвикани токму од неисчистени оџаци. Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле.

Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко од нив се палат и објекти и куќи поради што апелираме до граѓаните поволните денови да ги искористат за чистење на оџаците што преставува и нивна законска обврска, неопходна е проверка и на електричната инсталација затоа што во изминатиов период се забележани случаи на пожари предизвикани од заборавени вклучени полначи за телефон како и полначи на батерии за технички апарати, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочија дека казните за неисчистени оџаци и димоводни канали изнесуваат од 500 евра за физички и до 2.500 евра за правни лица.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За две недели се очекува да се постави камен темелникот на Домот за стари лица во Кочани

Во следните две недели се очекува да се постави камен темелникот за изградба на новиот државен Дом за стари лица во Кочани, најави денеска од Штип заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Тој истакна дека по завршување на постапката за избор на градежна фирма, сега е периодот кога треба да се

Началниците и полицајците што биле вечерта во „Пулс“, наскоро на обвинителна клупа

Полицајците што спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ вечерта кога се случи трагедијата и началниците во ОВР Кочани и СВР Штип, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, откако Советот за оценка на обвинителен акт го одобри во целост обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против 13-те полицајци. На почетокот на март