Началниците и полицајците што биле вечерта во „Пулс“, наскоро на обвинителна клупа

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Полицајците што спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ вечерта кога се случи трагедијата и началниците во ОВР Кочани и СВР Штип, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, откако Советот за оценка на обвинителен акт го одобри во целост обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против 13-те полицајци.

На почетокот на март стартуваат судењата за дел од полицајците обвинети за поврзаност со трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени. Полицајците за кои се закажани судењата се товарат за злоупотреба на службената положба, додека 13-те полицајци што се обвинети за директна поврзаност со трагедијата, се товарат за тешки дела против општата сигурност.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прослава со стил – „Кетеринг Јо“ ја создава магијата

Прослава со стил, елеганција и впечаток што останува. Со „Кетеринг Јо“ секој детал е внимателно создаден. Модерна декорација на маса, префинети китенки за свадби и впечатлив welcome mirror со персонализиран натпис – совршен амбиент за фотографии што се паметат. Тренд, креативност и естетика во едно. Атмосфера што го доловува вистинскиот момент. Резервирајте на време и

Одбраната не дозволува повлекување на трауматизирани сведоци, следуваат психијатриски вештачења

Ниту еден од шестемина предложени сведоци на Јавното обвинителство не се појави на  рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 220 беа повредени. Отсуството на сведоците беше образложено со различни причини – двајца одбиле да сведочат поради тоа што не можат повторно да ја преживуваат кобната ноќ,

Манастир „Добра вода“ – Оризари: Утре Света Литургија и црковно народен собир по повод Источен петок Балаклија

Со Утрена и Света Архиерејска Литургија и со голем собир и годинава се планира да биде одбележан празникот Источен петок Балаклија на манастирот „Добра вода“ во Оризари. Највено е присуство на Митрополитот Брегалнички Иларион. Исто така и денеска 16 април, четврток со почеток во 17 часот ќе се одржи Вечерна Богослужба. Првиот петок по Велигден