Таравари: Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата, понудена беше помош и од соседните земји

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството.

-Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата – во Кочани, во Штип, во болнците тука. Сега одиме во Клиничка болница на хирургија и на Карил да видиме каква е состојбата. Неколку има на Пластична хирургија на детска хирургија. Сите детални информации ќе ви ги дадеме. Тоа што е најбитно дека нема пациент којшто не е тријажиан, што не е сместени низ болнците во државата. Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме максиум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на коишто им се случила трагедијата, изјави Таравари.

Министерот не сакаше да каже бројка на повредени кои се хоспитализирани на скопските клиники и дека ќе информира дополнително за тоа по посетата на Ургентниот центар.

Таравари на прашањето дали има доволно капацитети на Клинички центар, хируршките клиники и дали може таму да се згрижуваат најтешко болните на кои им е потребно интензивно лекување, со оглед дека беше најавено реновирање на КАРИЛ, тој посочи дека тоа е одложено.

Најави дека повеќе информации ќе даде откако ќе добие податоци од клиниките во однос на видот на повредите и дали некој од хоспитализираните во меѓувреме им подлегнал на повредите.

Кажа дека засега се во комуниакција со државните болници, бидејќи нема потреба за тоа. Била понудена помош и од соседните земји.

– Министерот за здравство на Бугарија се јави дека се подготвени за се што треба. Евентуално ако има потреба тука се за да ни помогнат, изјави Таравари, додавајќи дека засега државните болници се добро организирани и нема потреба од странска помош.

По посетата на Ургентниот центар најави дека ќе замине за Штип, а од таму за Кочани за да добие точни информации.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

ЈОУ Библиотека,,Искра”, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето. Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари,, Матица” од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и

Градоначалникот Костадинов и словенечкиот амбасадор Прескер на завршната обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево

Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино. Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе Компанијата најавува проширување на можностите за вработување во производствениот капацитет во Кочани, со што за првпат ќе се отвори можност за вработување на кандидати и од општина Свети Николе. Со цел да се обезбедат подобри услови и поголема достапност на работните места, компанијата организира