Таравари ги посети пациентите кои се лекуваат од пожарот – сместени во болницата “Чам и Сакура“ во Истанбул

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Македонија во Истанбул, денес ја посети болницата “ Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од младите повредени во тешката трагедија што се случи во Кочани.

Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената состојба. Двајцата преостанати пациенти, Мартин и Борис, се во стабилна состојба и продолжуваат со закрепнувањето.

За време на посетата, Таравари се сретна и со родителите на пациентите, изразувајќи поддршка и солидарност во овие тешки моменти.

Тој изрази посебна благодарност до д-р Мустафа Туран и конзулот на Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, за покажаната грижа и посветеност. “

Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство“, нагласи Таравари.

Денешната посета означи важен чин на институционална грижа и солидарност кон погодените од овој трагичен настан.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од