Во организација на ПК „Скај Рајдерс“ – Прилеп, од 21 до 24 мај на спортскиот аеродром во Мало Коњари ќе се одржи Светски куп во прецизно слетување. На овој куп, кој е еден од трите Светски купови, учество ќе земат 70-ина највисоко рангирани натпреварувачи на светската ранг листа, од вкупно 21 земја. Натпреварувањето е од највисок ранг со најавено учество на светскиот шампион Јанг Чен од Кина, како и на европскиот шампион Матјаж Слуга од Словенија.
Официјалните натпреварувања ќе се одржуваат од петок 22 ри, сабота 23 ти и недела 24 ти мај, додека четвртокот, 21 мај, е резервиран за тренинг на учесниците на Светскиот куп.
Во трите натпреварувачки денови планирани се максимум 12 рунди. Успешната организација на Светскиот куп би значела можност ова натпреварување и во следните 2-3 сезони да се одржува во Прилеп, на спортскиот аеродром во Мало Коњари.









