Фудбалскиот клуб Големо Коњари го одигра последниот домашен натпревар во Втората македонска фудбалска лига и ја завршија сезоната на последното место на табелата. Идната сезона ФК Големо Коњари ќе се натправаурва во Третата македонска лига, онаму од кај што и дојде минатата сезона. Но, од клубот велат дека оваа не го доживуваат како неуспех, туку како доказ за чесност, карактер, пожртвуваност и љубов кон фудбалот.
Имено, во текот на целата сезона, настапувајќи во второлигашкото друштво, ФК Големо Коњари се соочуваше со бројни предизвици, со ограничени услови и ресурси. Клубот функционираше преку самофинансирање, а играчите настапувааа без финансиски надомест, водени единствено од љубовта кон спортот, кон клубот и кон местото кое го претставуваа. Токму тоа, според нив, ја прави оваа сезона вредна.Во нивната објава тие им се заблагодарија на сите подржувачи, фудбалери, спонзери и на сите кои му помогнале на клубот.
„Последен натпревар во Втора лига на домашен терен. Заврши една тешка, но чесно изиграна сезона за ФК Големо Коњари. Настапувавме во Втората лига, свесни за сите предизвици што ги носи едно такво натпреварување. Иако сезоната ја завршивме на последното место на табелата, за нас тоа не е приказна за пораз — туку приказна за достоинство, борба и истрајност.
Оваа сезона ја издржавме со многу труд, пожртвуваност и огромен напор. Без големи услови, со самофинансирање и со луѓе кои несебично го вложија своето време, срце и средства за клубот да продолжи да живее.
Особена благодарност до нашите играчи, кои играа доброволно, без финансиски надомест, само од љубов кон фудбалот, клубот и местото што го претставуваме. Можеби резултатите не беа на наша страна, но покажавме карактер, единство и љубов кон грбот што го носиме.
Издржавме до крај и сезоната ја завршивме исправени, со крената глава. Голема благодарност до сите што беа со нас — играчи, стручeн штаб, поддржувачи, пријатели, спонзори и сите луѓе што на кој било начин помогнаа. Вашата поддршка значи многу и е сила што нè турка напред. ФК Големо Коњари продолжува — со срце, со верба и со надеж за подобри денови“, пишува во објавата на клубот.
Големо Коњари во следната сезона се враќа таму од каде што дојде – во Третата лига на Македонија.









