Светски ден на слобода на медиумите – слободата не е подарок!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска се одбележува 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Одлуката за одбележување на овој ден е донесена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1993 година, по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО.

Целта била да се подигне свеста за важноста на слободата на медиумите и да се потсетат владите на нивната должност да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување загарантирано со Универзалната декларација за човекови права.

По неколку години брз напредок, Македонија почна да стагнира и да паѓа на светските листи. Според најновиот индекс на „Репортери без граници“ за 2026 година, Македонија се наоѓа на 45-то место, што претставува пад за три места во однос на 2025 година (кога беше 42-ра) и пад од девет места во однос на 2024 година (кога беше на високото 36-то место).

Состојбата во Македонија не е изолиран случај. Во 2026 година, слободата на медиумите во светот е на историски најниско ниво. За првпат во историјата на мерењата, повеќе од половина од земјите во светот сега се класифицирани во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ состојба. Кога законите се користат за да се замолчат критичките гласови, а не да се заштитат, тогаш демократијата ја губи својата „контролна кочница“.

„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое денска и утре во Лусака, Замбија, ќе се одржи глобалната конференција по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

Глобалната тема за оваа година е:

„Обликување на иднина во мир: Промовирање на слободата на медиумите за човекови права, развој и безбедност“

Европската Унија, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите кој се одбележува на 3 мај, порача дека слободните и независни медиуми претставуваат темел на секое демократско општество и оти новинарите мора да бидат заштитени во сите околности.

Во соопштението на Европската Унија се наведува дека демократијата не може да постои без слободни медиуми и дека пристапот до информации и слободата на изразување не се привилегии, туку основни човекови права.

ЕУ предупредува дека ширум светот е сè поизразено насилството врз новинарите, вклучувајќи убиства, повреди, закани, произволни апсења и присилни протерувања. Посебно се истакнува дека новинарките се несразмерно често мети на родово засновано насилство, вклучувајќи и онлајн вознемирување.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...