СУДЕЊЕТО ЗА ТРАГЕДИЈА „ПУЛС“ ЌЕ БИДЕ ЕКСПРЕСНО? Сите се обврзаа да нема застој во процесот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој загинаа 63 лица, ќе се одвива непречено и без застој, порачаа денеска претседателката на Судот Даниела Димовска, државниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски. Тие истакнаа дека Кривичниот суд, Јавното обвинителство и Адвокатската комора ќе сторат сè за процесот да се одвива со ред и дисциплина.

Основниот кривичен суд ќе преземе сè што е неопходно за да се обезбеди што е можно побрзо и поефикасно судење, изјави Димовска на брифингот за медиумите, на кој присуствуваа и Коцевски и Михајловски.

Судењето ќе почне во среда, на 19 ноември, а процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска. Тоа ќе се одржува во големата дигитализирана судница во рамките на затворот „Идризово“.

Поради обемот на предметот, бројот на обвинетите и оштетените (над 200 лица), како и интересот на јавноста, судењето се смета за едно од најголемите досега.

Димовска истакна дека ќе се одржуваат по две рочишта неделно и апелираше да нема одложувања, со строго следење на лекарските оправдувања и друга документација за одложување од здравствени причини. Таа посочи дека за предметот е назначен и резервен поротник и резервен записничар за да се избегнат застои.

Апелираме до бранителите барањата во текот на процесот да ги упатуваат до кривичниот совет, надвор од главната расправа, со цел да нема застој, додаде Димовска.

Обвинителот Коцевски потенцираше дека нема да дозволат ниту едно рочиште да биде одложено по вина на обвинителството, кое ќе го застапуваат 15 обвинители.

Обвинителите истрагата ја водеа по сектори, па на судењето ќе доаѓаат согласно делот од доказите што ќе се изведува, изјави тој.

Претседателот на Адвокатската комора Михајловски рече дека ги цени напорите на судот и дека адвокатите ќе имаат услови за работа.

Се знае дека во судница ќе има правна борба, но ако странките ги почитуваат правилата, ќе имаме квалитетно судење, истакна Михајловски, додавајќи дека медиумите имаат одговорност точно да известуваат, а судот ќе ја обезбеди безбедноста во судницата.

Извор: Булевар.мк

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Креативни новогодишни работилници во ОУ „Раде Кратовче“

Денеска во ОУ „Раде Кратовче“ се реализираше работилницата „Новогодишна бајка во боја“, на која учениците работеа во различни ликовни техники. Изработените цртежи ќе се користат за украсување на училиштето, а дел од нив ќе бидат изложени и продавани на Новогодишниот базар што ќе се одржи на 25 овој месец. Во училишната сала се одржа и

Словенечкиот амбасадор Прескер на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот. Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста